Дињата како лек

Ова овошје не ве здебелува, ве освежува и полно е со витамини - тоа се три доволни причини за да јадете диња ова лето. Но за да уживате во потполност со ова...

..овошје, треба да знаете да го купите само она кое е зрело.

Во пирамидата на исхрана дињата е на исто место како и останатите овошја, што се препорачува 2-4 пати дневно да се јаде. Дињата содржи само 34 калории во 100 грама.

Освен тоа содржи 91 грама вода, 0,1 грам масти, 0,8 грама белковини, 7,9 грама јгленхидрати, 8 грама шеќер. Дињата содржи и голема количина на витамин Ц а некои врсти имаат многу витамин А.

Освен овие витамини ова овошје содржи и минерали. Според едно истражување дињата содржи бета каротен коиdinjata-kako-lek1 помага во борбата против ракот, а според некои последни истражувања  се користи и во лечењето на други типови на малигни болести.

Во народната медицина дињата се користи за смирување  и освежување. Водата и калиумот од ова овошје помагаат во работата на бубрезите и помагаат во отстранувањето на штетните материи од вашиот организам.

При купувањето на диња треба да ги избегнувате оние кои имаат мека кора  и оние кои се со потемна боја или кои имаат напукнатини.

Дињите инаку се чуваат 2-3 дена на собна температура со цел да би созреале во потполност, а потоа можете да ја чувате во фрижидер уште 5 дена.

Исечената диња чувајте ја во фрижидер до 3 дена во затворен сад, бидејќи нејзиниот мирис може да премине во останатата храна од вашиот фрижидер.

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Имам 22 години и не сум сигурна во својата сексуална ориентација“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Астма кај деца: Симптоми, препознавање и лекување За некои деца, астмата е мала непријатност, за други таа може да ги ограничи сек...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Што е синузитис, како се лекува и дали е заразен? Синузитисот е воспаление на синусите и може да биде предизвикан и од вирусни, и ...
10 трикови со кои брзо ќе ја смирите анксиозноста, според психолог Потпевнувајте некоја мелодија или нежно масирајте ја вилицата за да ги релаксира...
Онколошки нутриционист појаснува: „Која храна заболените од рак треба да ја избегнуваат (и зошто)?“ Постои ли храна што може да ви го зголеми ризикот од рак, или пак да предизвика ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg