5 здрави причини зошто да уживате во уште една чаша варено вино
Овој период од годината не може да помине без чаша варено вино. И додека првенствено уживате во неговата арома, не ги ни забележувате неговите здравствени предности.
Не верувате дека ги има?
1. Вареното вино во комбинација со каранфилчето, кое ја збогатува неговата арома, е супер одбрана од сите вируси и бактерии.
2. Вареното вино е одличен извор на антиоксиданси кои го намалуваат нивото на слободни радикали во телото и на тој начин го спречува настанувањето на ракот, болестите на срцето и крвниот систем.
3. Овој топол пијалак го регулира нивото на крвниот притисок, односно крвните садови ги прави пофлексибилни.
4. Каранфилчето исто така делува благотворно и на системот за варење. Ќе ја ублажи надуеноста и проблемите во варењето на храната, кои се доста чести во овој дел од годината.
5. Ако сакате виното да го претворите во силен антиоксиданс, а воедно и во пијалак кој ќе го подигне вашето расположение, доволно е само да му додадете лажичка цимет. Ароматично и здраво задоволство!
Не пропуштајте да го пробате вареното вино по рецепт на Џејми Оливер.