Телевизорот ја убива среќата
Среќа е кога сте биле на одлична забава, среќа е кога ќе добиете комплимент, среќа е кога јадете прекрасна торта. Среќата може да дојде во најразлични...
...форми, но несреќата има една заедничка работа кај сите луѓе - премногу телевизија.
Со анализа на податоци од студии спроведувани во последниве 30 години истражувачите дошле до заклучок дека луѓето кои самите се сметаат за несреќни гледале значително повеќе телевизија отколку оние кои рекле дека се среќни. Тоа време среќните го минуваат во дружење со пријателите, читање весници и книги и во друго хоби.
Друго истражување покажа дека седењето пред ТВ и грицкање лоша храна го зголемува ризикот од дијабетис, па обидете се барем да вежбате или да јадете овошје додека ги гледате омилените емисии.
Гледањето телевизија одвреме навреме нема да го уништи квалитетот на вашиот живот, сè додека најголемиот дел од времето и енергијата ги фокусирате на други интереси и одржување на личните врски со семејството и пријателите.