4 причини зошто шампањот да се пие во текот на целата година

Кога часовникот ќе отчука полноќ, добредојде на Новата година и посакуваме со чаша шампањ. Потоа главно, пенливото вино го забораваме до следната нова година.

4-pricini-zosto-sampanjot-da-se-pie-vo-tekot-na-celata-godina

Шампањот крие неколку добри работи за здравјето па една од вашите новогодишни одлуки нека биде почесто да се почестите со овој вкусен славенички пијалак.

Добро е за срцето

Пенливите вина можат да го намалат ризикот од срцев и мозочен удар бидејќи обилуваат со растителни соединенија, полифеноли кои се силни антиоксиданси и го намалуваат крвниот притисок.

Ја разубавува кожата

Јаглеродниот двооксид во пенливото вино ја прави кожата поцврста, а веќе спомнатите полифеноли и го намалуваат црвенилото.

Направете си купка од една шолја за млеко во прав и половина шолја сол за капење, додајте една шолја од било кое пенливо вино и една лажица загреан мед и сето тоа измешајте го, па ставете го во кадата додека ја полните со вода. Кога ќе се наполни кадата, за дополнително уживање, ставете неколку латици од ружа. Делуваат како природен омекнувач кој хидратизира и и дава тонус на кожата.

Го порава расположението

Пенливото вино содржи природни елементи во трагови кои го поправаат расположението, се разбира ако го пиете умерено. За да го зголемите позитивното дејство на пенливото вино, пијте го додека јадете риба.

Вкусот на меурчињата совршено се надополнува со морската храна, а рибата богата со омега три масни киселини како на пример лососот и скушата исто така се здрави и со самото тоа се подига расположението

Не дебелее

Во еден децилитар пенливо вино има околу 80 калории што го прави едно од најмалку калоричните алкохолни пијалаци, па така и здравицата со пенливото вино е поздрава.

Би можело да ве интересира:

Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg