Зелката е ризница на витамин Ц
Зелката е закон. Добра е за секого, особено за реуматичарите.
Црвената е подобра од белата
Црвената зелка содржи повеќе витамин Ц од белата, а има и повеќе антиоксиданси, особено антоцијанин, за кој е докажано дека ги штити клетките на мзоокот. Долготрајната термичка обработка ја намалува нутритивната вредност на овој зеленчук, па затоа при варење, зелката секогаш ставајте ја во жешка наместо во студена вода.
Ја успорува работата на штитната жлезда
Свежата зелка може да предизвика создавање на гасови, па затоа додајте и ким. Оние кои што имаат проблеми со штитната жлезда треба да ја избегнуваат зелката бидејќи содржи супстанции кои ја успоруваат работата на жлездата и ја намалуваат апсорпцијата на јод.
40ml
Со цедење на 100g зелка се добива 40ml лековит сок, кој лечи чир на желудник и воспаление на дебелото црево.
45%
Жените кои три пати неделно јадат кисела зелка имаат 45 проценти помалку шанси да заболат од рак на дојките, покажало едно американско истражување.
250ml
Ако сте настинати, изедете една чинија топла супа од зелка бидејќи го олеснува искашлувањето и го смирува надразнувањето на душникот.
Што се содржи зелката: вода 90%, белковини 1,21%, растителни влакна 2% и 24 калории.