Намалете ја нервозата и напнатоста: 3 техники кои моментално релаксираат
Немојте да дозволите тензијата која во текот на неделата сте ја насобрале на работа, да ви го расипе викендот.
Обидете се да се опуштите со алтернативни техники како што се ароматерапија, музикотерапија или фитотерапија и нервозата ќе ја снема.
Ароматерапија
Мирисот на четинарите релаксира
Ако попладневниот одмор сакате да го направите попријатен и поделотворен, исполнете ја просторијата со антистресни мириси. Можете да користите свеќи, или спреј, или да нанесете неколку капки соодветно есенцијално масло на дното од вратот и зад ушите и дланките, на местото каде што се мери пулсот. Помеѓу мирисите кои што ќе ви помогнат да се чувствувате подобро е мирисот на елката, а одлични се и агрумите, особено лимонот и мандарината. Нема да згрешите ако се определите за пачули, јасмин или сандаловина.
Музикотерапија
Пуштете добар стар евергрин
Некои мелодии ја ублажуваат напнатоста, додека други влеваат енергија. Музиката е моќно средство кое може да делува на расположението и на нивото на енергијата, но од клучно значење е да знаете да ја одберете вистинската мелодија. За моменти на релаксација обично се погодни бавни мелодии, но тоа секако е субјективна работа. Најважно е да си ја пронајдете музиката која најмногу ви одговара.
Фитотерапија
Женшен против стрес
Ако сте уморни или напнати, решение е екстрактот од женшен кој помеѓу останатото го неутрализира дејството на слободните радикали, одговорни за стареење на клетките.
Земајте по 20 капки два до три пати во текот на денот, но избегнувајте тоа да го правите во доцните попладневни часови и навечер, за да немате проблеми со сонот.