Со јога до обликувано тело

Време е да го подготвите вашето тело за на плажа! Подобро е уште од сега да правите планови, отколку во последен момент да започнете со исцрпувачки...

 

 

...  диети кои ретко ги даваат посакуваните резултати.

Почнете со јога – не само што завидно ќе го обликувате вашето тело, туку ќе се здобиете и со душевен мир кој ќе ве ослободи од стресот.

Ако од скоро почнавте да ја вадите летната облека која ви е за некој број потесна и ако се шокиравте од вашиот изглед во костимот за капење, тогаш пробајте ги следниве вежби кои ќе ви помогнат повторно да изгледате заводливо:

Јога вежбите кои би ги препорачуваме се добри за срцето, мускулите и духот. Ги топат вишокот од калории, а забрзаното чукање на срцето брзо ќе ја испумпа крвта низ вашето тело со што и психички ќе се чуствувате подобро.

Легнете на земја со лицето надоле, а со рацете подигнете го телото и ставете една нога до областа под градите. Скокнете и заменете ја положбата на левата со десната нога, придржувајќи се притоа на прсти отворени во ширина на рамената.

Повторете ја оваа вежба 10 – 20 пати. Пробајте да ја правите вежбата без да правите голема врева, не само поради комшиите туку од опасноста од јаките удари на стопалата да не се повредите. Изведувајте го тоа елегантно и сконцентрирано.

Вежба "Како за склекови"

Поставете го вашето тело како да ќе правите склекови, така што со стопалата да се држите на прсти, рацете поставете ги рамно со рамената, а дланките паралалени со подот на тлото.

Не правите склекови, туку едноставно стоите во таа положба при што го задржувате воздухот. Вовлечете го стомакот и пробајте да се држите не пуштајќи го воздухот, па потоа исдишете и така повторете ја вежбата 10 пати.

so-joga-do-zgodno-telo1


Вежба "Поздравете го сонцето"

Извонредна вежба која го активира цело тело. Додека ја вежбате вежбата “поздрав до сонцето” дишете длабоко.

Застанете, поставете ги стопалата паралелно и спуштете ги рацете на земја покрај стопалата. Спуштете се во “мост”, а потоа во скок една нога нека ви е свиткана а другата испружена, па исправете го грбот, а рацете кренети ги нагоре.
Повторете ја оваа вежба 10 пати менувајќи ги нозете.

so-joga-do-zgodno-telo2


Вежба “Столица”

Застанете прави како свеќа, а споени се нозете а рацете спуштени покрај телото. Полека спуштајте го задникот и клекнувајте како да седнувате на стол, а рацете дигајте ги нагоре истегнувајќи се колку што е можно повеќе и вдишете. Задржете го дишењето а потоа издишете. Повторете ја оваа вежба 10 пати.

Повторувајте ги овие вежби секој ден, нема да ви одземат многу време, а за месец  дена повторно ќе изгледате неодоливо во вашиот лански костим за капење.

so-joga-do-zgodno-telo3

Би можело да ве интересира:

Доцнење на менструацијата и уште 2 необични знаци дека сте претерале со кафето Знаете ли колку кафе е препорачано да пиете дневно? Иако од кафето има и здравст...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вртоглавица: Што ја предизвикува и дали може да се спречи? Вртоглавицата не е болест, туку симптом кој може да биде предизвикан од низа про...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
10 трикови со кои брзо ќе ја смирите анксиозноста, според психолог Потпевнувајте некоја мелодија или нежно масирајте ја вилицата за да ги релаксира...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg