Јајце на „око“ јадат сексуалните маратонци
Може ли храната, на пример, начинот на кој се подготвуваат јајцата за појадок, да го откријат вашиот карактер?
Британските научници тврдат дека може и дека јајцето на чинијата го открива потеклото, стстусот, но и сексуалниот нагон на поединецот.
Оние кои за појадок јадат пржени јајца се повеќето личности со голем сексуален апетит, додека тврдо варени јајца јадат луѓето кои немаат фантазија и се млаки како и јајцето на чинијата.
Поширани јајца
Љубителите на поширани јајца, според истражувањето спроведено на 1200 испитаници, се модерни личности кои внимаваат на здравјето и на гастрономските трендови и се посреќни и позадоволни од останатите. Најчесто ги јадат жените од повисоката средна класа или од угледни семејства.
Варени јајаца
Едноставно сварено јајце за појадок ќе одберат луѓе кои лошо го организираат времето и своите обврски. Често се брзи, егоцентрични и не обрнуваат премногу внимание на туѓите проблеми, па затоа во повеќето случаи се разведени.
Омлет
Самодисциплината и воздржаноста се главните одлики на љубителите на омлет со разни додатоци. Животно мото им е - златна средина, а често станува збор за личности кои немаат деца и кои се педантни.
Јајца на „око“
Личностите со добар сексуален апетит најчесто уживаат во јајце на „око" и во макањето на лебот во жолчката. Најчесто потекнуваат од работнички семејства. А ако им досади јајцето на око, нарачуаат обичен омлет.