9 докази дека уживањето во чоколадото не е грев

Чоколадото е намирница на која ретко кој може да и одолее, во текот на својата долга историја се појавува во најразлични облици, правејќи го животот посладок.

9-dokazi-deka-uzivanjeto-vo-cokoladoto-ne-e-grev

Меѓутоа, често се поврзува со вишокот на килограми, појава на акни, хиперактивност и останати бројни негативни ефекти.

Но, дали тие негативни својства на чоколадото се вистинити?

Мит број 1: Чоколадото го зголемува нивото на холестеролот

Ако сте одлучиле да се откажете од чоколадото за да го намалите нивото на лошиот холестерол, би можеле да бидете непријатно изненадени со фактот дека залудно сте се жртвувале. Иако е вистина дека чоколадото содржи путер кој е преполн со заситени масни киселини, истражувањата покажале дека чоколадото не го зголемува нивото на лошиот холестерол, а кај некои луѓе чоколадото всушност и го намалува неговото ниво.

Мит број 2: Чоколадото е богато со кофеин

Спротивно на воспоставеното мислење, чоколадото не содржи толкави количини на кофеин како што се претпоставува. Вистина е дека потемните чоколади содржат повеќе кофеин од млечните чоколади, но не во толкава мерка како што се претпоставува.

Мит број 3: Шеќерот во чоколадото предизвикува хиперактивност

Претераните количини на шеќер ги тераат децата неконтролирано да трчаат, скокаат и дивеат, точно? Па, барем така се мисли. Меѓутоа десетина спроведени студии не успеале да пронајдат врска помеѓу шеќерот во детските оброци и хиперактивното однесување. Постојат две теории кои ја објаснуваат таа појава: самото опкружување, на пример детските родендени и прослави, создаваат хиперактивно однесување, па самата таа врска помеѓу детската хиперактивност и шеќерот е во главите на родителите кои очекуваат такво однесување по одредена доза на шеќер.

Мит број 4: Дијабетичарите не би смееле да јадат чоколадо

Факт е дека луѓето кои боледуваат од дијабет не мора нужно да го избегнуваат чоколадото. Всушност, многумина би биле изненадени со откритието дека чоколадото има низок гликемиски индекс. Неодамнешните студии дури укажуваат на тоа дека темното чоколадо може кај луѓе со нормален и висок крвен притисок да ја подобрат осетливоста на инсулин, а со тоа и дисфункцијата на ендотелот кај луѓето со дијабет. Меѓутоа, секогаш се пепорачува да се посоветувате со својот лекар пред да го отворите поголемото чоколадо.

Мит број 5: Чоколадото предизвикува кариес и крварење на забите

Истражувањето на развојот на плак од чоколадото открило дека чоколадото има помало влијание на забниот плак од чистиот шеќер. Секако, ретко јадеме само шеќер, меѓутоа друга студија укажува на тоа дека не постои поврзаност помеѓу јадењето на чоколадо и добивањето кариес. Студијата на Јапонскиот Универзитет во Осака потврдила дека зрното какао, една од главните компоненти на чоколадото, всушност помага во борбата против кариесот и бактериите во устата.

Мит број 6: Чоколадото дебелее

Не баш. Секако дека големи количини чоколаден сладолед нема да му направат услуга на вашиот струк, но големата студија која ја спровел National Institutes of Health покажува нешто многу интересно. Имено, според зборовите на научниците, консумирањето на мали колични чоколадо пет пати неделно е поврзано со понискиот индекс на телесна маса, дури и ако изедеме повеќе калории, а не го зголемиме вежбањето.

Мит број 7: Јадењето чоколадо е поврзано со стресот

Една студија покажала дека ако се консумира дневно околу 30 грама темно чоколадо во текот на две седмици ќе се намали нивото на хормонот на стрес кај личности кои се постојано и силно изложени на стрес.

Мит број 8: Чоколадото не содржи хранливи состојки

Овој мит е потполна невистина, но колку е чоколадото хранливо? Типичното темно чоколадо содржи еднаков број антиоксиданси како и две третини од шоља зелен чај, една чаша црно вино, или пак две третини од шоља боровинки. Освен тоа, чоколадото содржи и минерали, како и диетални влакна.

Мит број 9: Чоколадото мора да содржи најмалку 70 проценти какао за да биде здраво

Општа препорака е да се консумира темното чоколадо со најмалку 70 проценти какао за да се остварат здравствените бенефити. Навистина темното чоколадо содржи повеќе антиоксиданси. Меѓутоа, студија која 18 недели проучувала испитаници кои консумирале чоколадо со 50 проценти какао утврдила значително намалување на притисокот кај испитаниците. Освен тоа една, друга студија покажала краткорочни подобрувања на крвта и крвниот притисок по консумирање на темно чоколадо со 60 проценти какао.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg