3 експресни начини да го забрзате метаболизмот

За луѓето кои лесно ја варат храната што ја внесуваат обично се вели дека имаат добар метаболизам.

3-ekspresni-nacini-da-go-zabrzate-metabolizmot

Метаболизмот или БМР индексот, всушност преставува количина на калории кои ги трошиме во мирна состојба, за нашиот организам да продолжи да фумкционира.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го забрзате метаболизмот и така дневно да потрошите повеќе калории.

Постојат три едноставни начини природно, а со самото тоа и здраво да го забрзате метаболизмот:

- Јадете шест мали оброци во текот на денот. На варењето на храната ќе потрошите околу 200 kcal, што има вредност како посилен едночасовен тренинг на аеробик.

- Испијте најмалку девет чаши вода дневно. Водата ги испира клетките од непотребните супстанци, а освежената клетка го забрзува метаболизмот.

- Зголемете ја мускулната маса со редовно вежбање, три пати во текот на неделата по еден час, со активност која најмногу ви одговара.


ИЗГРАДЕТЕ МУСКУЛИ

Колку имате повеќе мускули, вашиот БМР индекс ќе биде поголем. Мускулното ткиво е метаболно активно и ја користи енергијата дури и з авреме на одмор, додека масното ткиво не прави ништо во состојба на мирување. Возете велосипед, ролерки, одете во теретана или на вежби.


ЈАДЕТЕ ПОВЕЌЕ ЈАГЛЕНИ ХИДРАТИ

Иако често пати слушаме дека јаглените хидрати се лоши, нивното консумирање е добро за метаболизмот.

- Постои доказ дека ако јадете премногу јаглени хидрати, ќе го согорите вишокот. Ако јадете маснотии, тие ќе се таложат верјатно поради тоа што нашиот организам е подобро опремен за да ги користи јаглените хидрати како енергија.


ИЗЛЕЗЕТЕ НА КУСА ПРОШЕТКА

Физичката активност не само што го подига БМР индексот во текот на самото вежбање туку и неколку часа по вежбањето. Метаболизмот е како мотор на автомобил – додека е во состојба на мирување, помалку троши, а кога ќе почне да се движи согорува повеќе бензин. Колку побргу се движите, повеќе согорувате. Сепак, моторот продолжуав да работи и понатаму. Всушност, ако вежбате редовно, вашиот метаболизам дури и ако мирува нема да се спушти на ниво на кое бил додека не сте вежбале.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg