7 чекори до подобар сон
Ако сакате да спиете подобро, вашата спална соба треба да преставува место каде што бегате од стресот што го носи секојдневието. Како да се направи опкружување кое е совршено за цврст и квалитетен сон?
Искористете ги сетилата, за местото кое го користите за спиење да го направите место за најоптимален одмор.
1. Применувајте стабилен ритам на спиење. Секој ден одете на спиење во исто време, дури и преку викенд, празници и слободни денови.
2. Обрнете внимание на она што го јадете и пиете. Немојте на спиење да одите прегладнети, или со полн стомак. Исто така, ограничете го внесувањето на течности пред спиење за во текот на ноќта да не станувате поради одење во тоалет.
3. Направете ритуал пред да одите во кревет. Правете исти работи за да му пратите порака на телото дека е време да забави. Можете да се истуширате, или да се избањате во топла купка, да читате книга, да слушате релаксирачка музика. Намалете ја светлината.
4. Удобност. Направете ја собата идеална за спиење. Тоа значи просторијата да е проветрена, не премногу топла, мрачна и тивка. Квалитетот на душекот и перницата исто така имаат големо влијание на квалитетот на сонот.
5. Ограничете ги дневните дремки. Долгиот попладневен сон може да го измести ноќниот циклус, особено ако имате проблеми со несоница, или ако лесно и често се будите. Ако веќе дремнувате во текот на денот, тоа нека трае од 10 до 30 минути.
6. Воведете физичка активност во дневниот распоред. Редовната физичка активност го подобрува квалитетот на сонот и помага бргу да заспиеме. Сепак, избегнувајте тренинзи кои се одвиваат непосредно пред да отидете во кревет бидејќи ќе имате преголем прилив на енергија што може да ве разбуди.
7. Изборете се со стресот. Обидете се да се ослободите од стресот со одредување на приоритет и добра организација. Најдете се со пријателите и смејте се заедно. Пред да отидете во кревет запишете што ви дошло на ум и одложете го за утредента.