Зелениот чај го подобрува помнењето
Пиењето зелен чај не е добро само за вашето срце, туку ја зајакнува и меморијата, тврдат истражувачите.
Студијата изведена во Кина открила дека пиењето зелен чај ја подобрува регенерацијата на мозочните келии и така позитивно делува на меморијата.
„Иако, од страна на научниците е докажано благотворното дејство на зелениот чај на кардиоваскиларните болести, сега пред нас се докази за хемиски состојки кои директно влијаат на механизмите во мозокот“, вели професорот Јун Баи од Военомедицинската академија во Чунгкинг.
Кинеските истражувачи се фокусираа на хемикалијата EGCG која ја има во зелениот чај.
„Токму оваа супстанција го помага процесот на неврогенеза во мозокот“, вели проф. Баи.
По долги експерименти на глувци, се заклучи дека EGCG директно ја подобрува продукцијата на прогенитор келиите.
„Ова откритие може да помогне во борбата против дегенеративните болести и губитокот на сеќавањето“, додава Баи.
Истражувањето е објавено во научниот магазин „Molecular Nutrition & Food Research“.
07.09.2012 (Макфакс)