Јадете голи и уживајте во совршената линија
Манекенката Мариса Милер (33) има заводливо тело и многу необични совети како да го доведете своето тело во вистинска мерка.
Таа има необична пракса да јаде гола. Секогаш го истакнува задникот за да изгледа супер на сликите, а со сопругот дома, одамна не ги дели намирниците.
Нудизам во кујната
Делува необично, но Мариса верува дека паметно ќе се храниме кога ќе го видиме своето тело. Ако не ни се допаѓа сликата во огледалото, нема толку да консумираме храна и да натрупуваме калории. Мала е веројатноста, вели таа, дека било која жена ќе навали на тортата додека во огледало гледа како и висат три пати поголеми раце.
Мислете однапред
Секогаш подгответе мали количини интегрален ориз или препечен леб кој ќе ви послужи за кратко време да подготвите оброк кога ќе почувствувате напад на глад.
Не му се мешајте во порцијата
- Кога го запознав својот сопруг се здебелив три килограми. Тој се храни сосема поинаку и сега знам дека морам да се контролирам и да го избегнувам неговото мени во 90 проценти од случаите. Само така можам од време на време да изедам некој колач, а да не чувствувам вина и тоа да не се одрази на мојот струк – вели Мариса.
Домашно милениче како личен тренер
Со редовно вежбање Мариса има и кученце. Го шета барем три пати на ден и за неа тоа е совршен начин да се размрда и да го согори вишокот на калории.