Тајната за добра линија: По 300 калории помалку

tajnata-za-dobra-linija-po-300-kalorii-pomalku

На почетокот од оваа година на Европскиот конгрес за дебелина, научниците заклучиле дека е потребно да се намалат по 300 калории дневно за долгорочно да се ослободиме од вишокот килограми.

Сите оние што држат диети успеваат да ја достигнат саканата тежина, но по престанување на рестриктивната исхрана килограмите се враќаат.

Професорот Мајкл Резенбам тврди дека мора да се внесуваат 22 проценти помалку калории дневно за да се задржи постигнатата тежина.

Професорот додал дека е нормално луѓето да внесуваат 1600 калории дневно, па оние кои што држат диета мора да се ограничат на 1300 калории.

- Се верува дека овој феномен може најдобро да се покаже на примерот на мускулите. Мускулите кај луѓето кои што држат диета бараат да се внесува помалку калории за разлика од оние кои немале рестриктивна исхрана – вели Линија Петел, портпарол на Британската асоцијација на диететичари.

Со време стануваме се послаби. Мускулите му помагаат на телото да го согори вишокот на калории, но со годините нашата мускулна маса опаѓа заедно со метаболизмот, што резултира на нашиот организам да му се потребни помалку калории за да се одржи тежината.

На крајот вишокот на калории може да се согори со вежбање, а тренинзите со оптеретување и со тегови се најдобри за добивање на мускулна маса.

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg