8 начини да спречите дебелеење
Ако ја имате посакуваната тежина и не ви треба диета, важно е да мислите на исхраната и здравјето за да спречите зголемување на килограмите и јо-јо ефект.
Следат 8 совети за превенција:
1. Движете се – Калориите кои ги внесувате, треба да ги потрошите.
2. Пронајдете си пример – ако некој ве инспирира посебно, визуелизирајте си ја својата цел.
3. Дознајте ги своите калориски потреби – можеби ви се потребни помали порции од вашите пријателки. Немаме сите еднакво брз метаболизам, а од ова зависи колку можеме да изедеме без да се здебелиме.
4. Проучете ги порциите – може да се многу помали отколку што вие мислите и од она што го гледате во рестораните. Информирајте се колку реално состојки треба да има во една порција.
5. Исфрлете ги соковите – исфрлете од исхраната се што е засладено и газирани пијалаци, и држете се до вода. Ова е едно од најдобрите нешта кои можете да ги направите за својата линија.
6. Држете се до списокот кога одите во шопинг. Ако дома немате слатки и грицки, помала е веројатноста дека ќе јадете.
7. Заборавете на фаст фуд. Никако не јадете вакви оброци затоа што содржат вртоглави количества на калории.
8. Немојте да јадете од ќесичка. Сè што јадете ставете во чинија за да имате претстава за количината која сте ја изеле.