Фобија од пржени јајца
Британката Сузан Њутон паѓа во несвест ако се најде во близина на пржени јајца. На нејзините познаници тоа најчесто им е забавно, но таа е една од ретките...
...личности кои имаат озбилна фобија од јајца.
Кога е во близина на испржено јајце таа почнува да губи свест, чувствува мачнина и неконтролиран страв.
"Моите пријатели мислат дека тоа не е нормално, но мене навистина јајцето ми личи на злобно око. Ма всушност целото јадење изгледа така, сомнително и масно" вели Сузан.
Некој нејзин пријател на Фејсбук ставил слика од цело друштво како печат јајца, а таа морала преку тоа да залепи налепница за да не и се слоши.
39 годишната мајка воопшто не оди во ресторани само за да не налета на некое јајце во нечија чинија. Се труди да избегне секаква ситуација во која би можела да има средба со некое јајце затоа што неможе да си ги контролира чувствата.
Сузан претпоставува дека оваа фобија и се појавила пред 20 години кога вечерала кај пријателите кои и подготвиле сендвич со испржено јајце. “Тоа беше најлошиот и најмасниот сендвич кој некогаш сум го видела. Јајцето висеше од лепчето препечено на краевите. Таа слика сè уште ме прогонува“.
Во последните 20 години Сузан развила и фобија од птици, но најтешко и паѓа кога не наоѓа на разбирање кај пријателите. Еднаш додека пржела сланина во тавата и фрлиле јајце. Се завршило со хистерично тресење на тавата и опекотини на нејзината рака.
Сè може да се сретне на светов нели?