4 природни препарати за белење на забите
Содата бикарбона ги чисти и избелува забите. Помешајте лажиче сода со малку сол и неколку капки оцет и со смесата измијте ги забите. Истата постапка повторете ја два до четири пати во месецот – ќе имате убави и негувани заби.
Лимон и сода
Во сад ставете ¼ филџан сода бикарбона и сок од половина лимон. Смесата нанесете ја на забите и оставете да делува три минути, но не подолго за да не ја оштетите забната глеѓ. Измијте ги забите со паста за заби, а постапката применувајте ја еднаш неделно.
Јагоди
Ако сакате без мака да ги избелите забите искористете ги јагодите. Изгмечете неколку јагоди и со нив истријте ги забите. Потоа измијте ги со паста за заби за да не ви се оштети глеѓта од киселината и шеќерот.
Јаболков оцет
Јаболковиот оцет помага во отстранувањето на дамки и при избелување на забите, а ги убива и штетните бактерии во усната шуплина. Во чаша со вода ставеле едно лажиче оцет и со тоа исплакнете ја усната шуплина, а забите измијте ги со паста. Постапката повторувајте ја секој ден.
Ловоров лист и портокал
Забите ќе бидат бели ако ги измиете со смеса на ловоров лист и исушена кора од портокал. Во сад ставете иста количина на меле и исушен ловоров лист и сушена и сомелена кора од портокал и додајте малку вода. Нанесете ја смесата на забите и оставете да делува три до ечтири минути. Потоа измијте ги забите со паста за заби.