Заборавете на неважното
Колку пати сте направиле драма поради лоша фризура, колку често коментирате дека сте се здебелиле и колку пати не сте сакале да излезете од дома поради џиновското мозолче на лицето?
Премногу врева за мали, минливи, неважни проблемчиња.
Девојките ќе ги прегледаат сите списанија барајќи инспирација за нова фризура, ќе се јават кај сите другарки во потрага по инстант диета и ќе го прошетаат цел град за да најдат фармерки што добро им стојат. А скоро никогаш нема да ги прочитаат и послушаат советите за намалување на ризиците од појава на рак на дојка, нема да одвојат време за самопреглед и нема да отидат на лекар за рутинска контрола.
Дали се опседнувате со погрешни нешта?
Сменети ги навиките и грижете се за своето здравје. Одличната кампања за фондација од Сингапур зборува со јазикот на жените ширум светот, илустрирајќи ги непотребните секирации со одличен body art.