5 правила кои може да се прекршат при диета
Губењето на ентузијазмот е еден од поголемите проблеми кај диетите и понекогаш е подобро да каснете од омиленото јадење и да продолжите со диетата.
Полни се со правила, а правилата се направени за да се прекршуваат.
Ова се неколку совети за правилата кои сепак можете да ги прекршите додека сте на диета:
1. Користете само кафеав шеќер. Многу е поважна количината на шеќер која ја внесувате од тоа каков е. Навистина, кафеавиот е поздрав од белиот, но ниту едниот ниту другиот не е здрав ако се претера.
2. Промена на намирниците е пат до помала тежина. Ако новите намирници не ви претставуваат проблем и ако уживате во нив, придржувањето до ова правило ќе ви биде лесно. Ако ви се јаде омилената храна, подобро е да каснете од време на време.
3. Откажете се од глутенот. Наместо потполно да се откажете од глутенот пробајте само да го намалите внесувањето на јаглехидратите.
4. Диетата е сè што ви треба. Не е доволно само да бидете на диета за да добиете стомачни мускули. За тоа е сепак потребна комбинација на внимателна прехрана и вежбање.
5. Никако јадење после полноќ. Иако, оптимално, треба да постои доручек, ручек и вечера, и по некоја ужина, често пати огладнуваме и после вечерата. Добра работа е што дури и ако сте на диета, можете да каснете нешто во доцните часови. Не е толку важно кога јадете, туку што.