Правата вистина за јаглените хидрати

Јаглените хидрати, а не калориите, водат кон дебелеење. Овие резултати на истражувањето поедини експерти ги протолкувале дека можете да внесувате калории колку што сакате и нема да се здебелите само ако не внесувате јаглени хидрати. Вистината е малку поинаква.

pravata-vistina-za-jaglenite-hidrati

Бидејќи еден од најголемите предизвици при слабеењето е да се одржи саканата тежина после диетата, научниците ја споредиле делотворноста на три различни планови за одржување на тежината.

Еден режим на исхрана се состоел од диета со мала количина на маснотии и многу рафинирани јаглени хидрати. Друг план бил умерен, со мешунки и зеленчук. Трет план на исхрана содржел малку јаглени хидрати, повеќе масти и протеини.

Сите три плана имале ист број на калории и во текот на студијата никој од испитаниците ниту изгубил ниту добил на тежина. Сепак, оние што биле на режимот со малку јаглени хидрати согорувале по 300 калории повеќе секој ден.

За жал, авторите на студијата забележале и негативни ефекти на диетата со многу низок внес на јаглени хидрати.

Додека биле на диета испитаниците добиле зголемено ниво на хормонот на стрес.

Оние испитаници кои што биле на диета со умерена количина јаглени хидрати, поминале најдобро. Согорувале повеќе калории со најмалку негативни ефекти.

Како може оваа студија да се примени?

  1. Ограничете го внесувањето на шеќер
  2. Одберете интегрални и минимално обработени житарици
  3. Внесувајте протеини и здрави масти
  4. Јадете многу зеленчук
  5. Јадете заради задоволство, а не од забава

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg