Еве зошто е добро да сонувате

eve-zosto-e-dobro-da-sonuvate

Дури една третина од времето, на луѓето им лутаат мислите, така мозокот се чисти од стрес, но и им дава нова перспектива на проблемите. Сонувањето ги олеснува стравовите и ја поттикнува креативноста..

Иако во современото општество сонувањето има негативен предзнак, тоа и те како е корисно, дури и ја поттикнува продуктивноста, тврдат американските научници.

Поединечното сонување трае сè на сè неколку минути, но луѓето со таа ментална активност во просек се занимаваат дури третина или една половина од времето додека се будни, покажуваат истражувањата.

Сонувањето освен што му помага на организмот да ги организира мислите и да ја разбуди фантазијата, тоа ја поттикнува креативноста и новите идеи, отвора нови перспективи и овозможува побрзо решавање на проблемите. Ако мислите ви лутаат, насочувајќи ги во позитивна визуализација преставува одлична метода за подигање на расположението.

Сонувањето ги зацврстува вистинските вредности

Во текот на сонувањето за сценарија во кои цврсто верувате, на одреден начин се запознавате себеси и ја продлабочувате вербата во сопствените желби и амбиции.

Сонувањето е ретроспектива за помали расправии

За време на сонувањето лесно го „вртиме филмот наназад“. Присеќавањето на неодамнешните расправии и замислувањето дека поинаку сте реагирале, помага кон поуспешно решавање на конфликтите во иднина.

Со сонувањето се победуваат фобиите

Сонувањето помага да се контролираат немирот и фобиите. На пример, ако ви е страв од летање, а се подготвувате за на пат со авион, менталното вежбање на сите чекори – од возење кон аеродромот со полетувањето, ја олеснува нивната реализација во стварноста.

Во фантазијата се надминуваме себеси

Во сонот сè е можно. Затоа со методите на позитивна визуализација често се служат и професионалните спортисти, што им овозможува подобри и поуспешни настапи.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg