11 причини зошто да летувате на море
Ако сте во финансиска можност, одберете одмор на море. Грците први го забележале лековитото дејство на морската вода. Популарната таласотерапија- лечење со морска вода, потекнува токму од таму.
На грчките острови Родос и Крф се применувала уште пред 2.500 години. Се користела за лечење егземи, артритис, псоријаза и болки во грбот.
Хипократ забележал дека морската вода помага во зараснување на раните, спречување инфекции и намалување на болки.
Зошто да практикувате одмор на море?
1. Морската вода содржи животно важни елементи.
Морето ги содржи сите елементи важни за нашиот живот- натриум, магнезиум, калциум, калиум, силициум, дури и сребро и злато. Морската вода длабоко продира во кожата и овозможува делување на минералите и останатите елементи во траги. Морето содржи и алги кои изобилуваат со минерални материи. Алгите одамна се сметаат за извор на здравје и убавина. Поттикнуваат обновување на клетките, подобрување на изгледот на кожата, го стимулираат метаболизмот, зајакнуваат имунитетот, спречуваат воспаленија и помагаат во отстранување на целулитот.
2. Морето делува благотворно и на астма и алергии.
Морската сол има својство на антисептик и антихистамин, заради што помага кај кожни алергиски реакции. Чистиот морски воздух заситен со негативни јони го олеснува дишењето и поволно делува кај лицата кои болуваат од астма.
3. Сончањето го збогатува телото со витамин Д.
Освен убавиот тен, телото е снабдено со витамин Д кој е потребен за нашиот организам. Тој има клучна улога во спречување на многу болести, вклучувајќи мулитплекс склероза и рак. За сончање одберете ги претпладневните или доцните попладневни часови.
4. Престојот на море ослободува од стрес.
Дава можност да заборавиме на секојдневните проблеми и во целост да се опуштиме. Магнезиумот кој се содржи во морската вода, докажано делува против стрес. Користете го одморот за да се ослободите од својот најголем непријател.
5. Морето е идеално за спортски активности.
Пливање, нуркање, сурфање, аква аеробик, одбојка на плажа, а спортот и здравјето се тесно поврзани.
6. Морскиот воздух е богат со негативни јони.
Негативните јони го зајакнуваат имунитетот, ја подобруваат концентрацијата, ја намалуваат несоницата, депресијата, главоболката и уморот, поволно делуваат на луѓе со алергии. Воздухот заситен со негативни јони можете да го пронајдете во шуми и планини, во близина на водопади, реки, океан и море.
7. Морето помага при артритис и болки во грбот.
Благодарејќи на својот состав, морската вода ја намалува болката, воспаленијата, опушта и поттикнува ослободување на вишокот течности од организмот. Заради тоа, капењето во море им носи олеснување на лицата кои патат од реума, артритис и болки во грбот и мускулите.
8. Морската вода поттикнува чистење на организмот.
Капењето во море поттикнува функција на органите кои ги филтрираат и лачат штетните материи од организмот, како што се црниот дроб, бубрезите и кожата. Наталожените штетни материи почнуваат да се движат преку лимфата и крвотокот кон површината, а солта го олеснува овој процес.
9. Морето ги лечи кожните проблеми.
Морската сол е необично богата со разни состојки. Меѓу 80 различни минерали, елементи во траги, карбонати и сулфати, присутни се и калциумот, калиумот, бромот, натриумот, манган, магнезиум, јод, железо, флуор и силициумова киселина. Заради богатиот состав, морската вода благотворно делува на кожата и помага кај бројни кожни тегоби како дерматитис, псоријаза и егземи.
10. Морето поттикнува креативност и чувства.
Престојот во близина на море ги поттикнува нашите емоции, интуицијата, фантазијата и креативноста.
11. Морето влијае на здравјето на очите.
Сината боја на морето и гледање во далечина влијае добро на нашите очи. Ако поминувате многу време пред компјутер, летувањето на море ќе ви помогне да ги одморите очите.