9 топ намирници за сјајна коса
Наместо да трошите енормни количини пари на фризерски услуги, за да имате убава и негувана коса, салонот треба да го замнеите со кујната.
Ако често сте на диета, тоа може лошо да влијае на вашата коса. Најдобро е да се храните разнолико и здраво. Ако целиот живот имате тенка коса, храната нема да ви помогне да имате „грива“ но може да ја зајакне косата.
- Секој месец косата израснува за еден до три милиметри, а темел за растење на косата, ноктите и кожата се хранливите намирници кои ги внесуваме.
Ако здраво се храниме, ќе бидеме посилни од внатре но и од надвор вели познат нутриционист од Чикаго.
Лосос
Лососот е полн со омега-3 масни киселини кои се основа за здрава исхрана, а и извор на протеини, железо и витамин Б12.
Зеленчук
Темно зелениот зеленчук е преполн со витамн А и Ц, железо и калциум, а тоа значи дека спанаќот, брокулата и блитвата се извонреден извор на здравје за косата.
Грав
Гравот е одличен избор бидејќи има многу протеини и го поттикнува растот на косата.
Морков
Морковот е полн со витамин А кој е важен з авидот, но и за здравјето на темето.
Бадеми
Оревестите плодови и тоа сите, почнувајќи од оревите, кикириките, се одлични за сјај на косата. Извор се на селен, минерал кој е многу важен за здравјето на темето. Содржат и омега – 3 масни киселини и цинк кој е важен за зајакнување на косата.
Пилешко
Пилешкото месо како и месото од мисирка е одличен избор ако сакате да го подобрите квлаитетот на косата. Овие видови месо се богати со протеини кои се важни за зачувување на бојата на косата и зајакнување на влакното.
Јајца
Јајцата се добри за косата на секој можен начин. Полни се со витамин Б12 и биотин.
Житарици
Целите житарици ќе и одговараат на вашата коса бидејќи ќе и обезбедат доволно цинк и витамин Б.
Млеко
Млечните производи, не оние полномасните, се одличен извор на калциум кој е важен за раст на косата.