Осум чаши вода дневно
Децата до две години би требало да пијат 1,3 литри, до пет години старост 1,6, а адолесцентите најмалку два литри вода.
Кога ќе се заиграат децата може да заборават на жедта, што особено за време на летните денови може да биде опасно и да доведе до дехидратација , па и до губење на свеста.
Ако родителите се во дилема колку течности треба да внесуваат децата, најдобро е да се раководат од препораките на Европскиот институт за хидратација по кој оптимално е децата дневно да испијат најмалку 6-8 чаши течност, односно еден до два литри.
Во просек, околу 80 проценти од потребите за вода се задоволуваат со внесување на млеко и пијалоци, а 20 проценти се внесува со храната.
Кога ќе дехидрираме, тоа значи дека немаме доволно вода во организмот. До оваа состојба може да се дојде поради несоодветен внес на доволна количина вода или зголемено губење на течности.
Многумина дури и не ги препознаваат знаците на дехидратација затоа што се навикнале лошо да се чувствуваат, односно да не им е баш добро.
Водата сочинува 80 проценти од мозокот и е од голема важност за невролошките трансмисии. Лошата хидратација има негативно дејство на менталните способности и способноста на учење.
Симптомите на блага дехидратација се умор, главоболка, успореност и намалена способност за концентрација.