10 тајни за витка линија
Направете мали промени и доведете го телото „во ред“ без премногу мака. Вики Камингс, експерт за слабеење составила советник од десет ставки...
...со кои ќе имате можност да одржите витка линија иако сте презафатени.
1. Исхрана
Започнете со подобра исхрана уште денес.
2. Калории
Бројте ги калориите што ги внесувате. Штом ќе ја елиминирате храната која има многу аклории диетата ќе делува.
3. Бирајте ги намирниците
Јадете повеќе храна која има помалку калории, а не помалку калорична храна. Кога ја одбирате храната, гледајте какви хранливи вредности има, а не да биде калорична.
4. Читајте ги декларациите
Ако на некој производ пишува дека е со помалку маснотии не значи дека нема многу калории. Внимавајте на маркетиншките трикови и внимателни читајте ги етикетите.
5. Слушајте го своето тело
Ако забележите негативни сигнали кога ќе го смените начинот на исхрана, размислете за својата метода и следете го инстинктот. Можеби треба нешто да смените.
6. Бидете строги
Еднаш неделно немојте да јадете преработена или пржена храна, да пиете газирани пијалаци и алкохол.
7. Самите сте одговорни
За се што ви се случува самите сте одговорни. Никој нема повеќе да се грижи за вашето телои здравје од вас.
8. Немојте да се откажувате од сè
Од време на време угодете си – внимавајте на количината и квалитетот, но изедете чоколаден колач ако не можете без тоа.
9 Активност пред сè
Вежбањето е важно, но ако не сакате пилатес занимавајте се со нешто што ви причинува барем мало задоволство. Не терајте се да правите работи кои не ви годат.
10. Јо јо ефект
Јо јо ефектот е најлошиот демотиватор за намалување на килограмите. До враќање на килограмите доаѓа кога од исхраната ќе исфрлите повеќе намирници и ќе гладувате. Подобро е да се определите за поспоро, но поправилно темпо за слабеење.