6 намирници за прекрасна кожа

6-namirnici-za-prekrasna-koza-povekjeТрудете се да се храните здраво за тоа да не се одрази на вашата кожа. Исто така користете креми со заштитни фактори, оние кои ја хидрираат вашата...


...кожа, но понекогаш наједноставните работи се најубавите работи.

Манго

Тоа е совршен извор на бета каротен, кој се претвора во витамин А, без кој не може да се замисли здрава кожа ниту обновување на ткивото и без кој кожата станува сува и мат. Секогаш одберете манго кој е мек на допир, а доколку не пронајдете манго, земете морков, тиква, компир или кајсии.

Салата од пченка

Салатата од пченка, црн грав и манго е незаменлива кога станува збор за здрави оброци кои делуваат на изгледот на вашата кожа. Настојувајте што пократко термички да го обработувате гравот и пченката и послужете го со лосос или пилешко, така што ќе подготвите салата, која задолжително зачинете ја со благо манго. 

6-namirnici-za-prekrasna-koza-1

Сок од портокал

Сокот од свежо исцеден портокал е одличен кога ви  е потребна голема количина антиоксиданси и витамин Ц, Д и калциум. Портокалот ги штити вашите клетки и ги неутрализира слободните радикали.

Млечни производи

Млечните производи се здрави бидејќи обезбедуваат доволни дневни количини на калциум и витамин Д, но она што е потврдено со истражувања е дека изложувањето на сонце не мора да биде штетно за организмот, а при изложувањето делумно да се заштитите од штетните ултра виолетови зраци, неопходно е секојдневно да внесувате комбинација на јогурт и црвено овошје.

6-namirnici-za-prekrasna-koza-2

Бадем

Бадемот сиров или печен содржи дневна доза на витамин Е. Покрај семките од сончоглед, кикириките, оревите или лешниците кои што можете да ги исечкате во својата омилена салата, сметајте на високата енергетска вредност на бадемот. Земајте го редовно доколку сакате борите подоцна да ви се појават.

Пилешко месо

Пилешкото месо содржи цинк и протеини, кои се од круцијално значење за здрава кожа, бидејќи цинкот и помага на кожата да биде здрава и раните бргу да заздравуваат, додека протеините делуваат на свежината на вашата кожа, произведувајќи амино киселини кои создаваат природен колаген.

Би можело да ве интересира:

Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg