Зошто се дебелееме во лето?

zosto-se-debeleeme-vo-leto-povekjeГодишниот одмор е предодреден за излежување, на одмор не готвиме, па јадеме брза храна која е многу калорична, а се испива и по некоја чашка алкохол.


Сонцето нè тера да излегуваме, повеќе да се движиме, јадеме полесна храна, но и покрај тоа се случува да качиме некој килограм.

Тоа обично се случува на годишен одмор, бидејќи дома сме поактивни. Кога две или три недели само им угодуваме на сопствените желби и се одмораме, линијата може да трпи.

zosto-se-debeleeme-vo-leto-1

Повеќето луѓе се препуштаат на излежување иако пред да тргнат на пат биле со план за најразлични активности, од бавење со спорт до истражување на околините места во кои што летуваат.

Со силното одморање никому не му се готви, па се јаде брза храна, скара, јадења од под вршник, а за студените освежувања во големи количини, да не зборуваме. Калорија по калорија и на крај дома одиме одморени и зрели за диета.

zosto-se-debeleeme-vo-leto-2

На одмор се испива и по некоја чашка алкохол, кој е калоричен. Во лето обично се пијат коктели, а тие се калориски бомби.

Со коктелите одат и калоричните грицки, па така кога ќе стигнеме дома по погледот во огледало се прашуваме - кој ме гледа од другата страна на огледалото.

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
12 причини зошто менструацијата ви трае подолго од вообичаено Високото ниво на стрес, значителните промени во тежината и премногу вежбање може...
Зошто се чувствувате анксиозно и депресивно во недела и како да си помогнете? Размислете дали постои конкретен проблем што ви предизвикува анксиозни и депреси...
Најчестите заболувања и проблеми со здравјето (и како се третираат) Настинка, грип, уринарни инфекции – постојат заболувања со кои сме се соочиле ск...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Дали смееме да се бањаме во море со тампон, според српски гинеколог „Подобро е да не се бањате неколку денови, отколку да се бањате со тампони“ – ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg