Копривата: идеален сојузник на пролетната детоксикација

koprivata-idealen-sojuznik-na-proletnata-detoksikacija-povekjeСо доаѓањето на пролетта секој сака да изгледа витално, свежо и витко. Совршен сојузник за тоа ќе ви биде чајот од коприва. Имено листовите и...


...коренот од копривата се неизоставна состојка на чаевите и растителните капки за прочистување на крвта, поттикнување на подобра работа на црниот дроб, намалувањето на маснотиите во крвта и за подобрување на циркулацијата.

koprivata-idealen-sojuznik-na-proletnata-detoksikacija

Со коприва, црниот дроб ќе го олесни варењето на мрсната храна и ќе помогне при топењето на жолчниот песок или камен.

Чајот од коприва дава голем придонес кон детоксикацијата на организмот, а од секогаш бил користен за лечење на воспаленија на мочните патишта и низа бубрежни заболувања.

Се верува дека поволно делува на метаболизмот и го зајакнува имунитетот. Големите количини на калиум во копривата ја прави природен диуретик, а железото во копривата помага при создавањето на црвените крвни зрна.

Чајот од коприва делува на прочистувањето на крвта, го поттикнува обновувањето на крвните клетки, и помага на проблематичната кожа, го поттикнува согорувањето на маснотиите и општо добро делува на организмот.

Копривата е лековита билка која треба што почесто да се употребува , тоа ни го овозможува чајот од коприва. Во листовите од копривата ги има некои од најважните витамини како што се К,Б2, Ц, органски киселини и минерали (железо, фосфор, манган, магнезиум, натриум, калиум, калциум). Копривата е особено значајна за регулирање на содржината на шеќер во крвта.

Овој чистач на организмот е првата препорака за детоксикациони третмани.

Би можело да ве интересира:

Медицинска, шиатцу - Разлики помеѓу разните видови масажи (и која е најдобра за вас) Масажите го релаксираат нашето тело и позитивно влијаат врз нашето здравје. Но, ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Што ќе се случи со вашето тело ако секој ден јадете по 3 урми? Го намалуваат нивото на шеќери, овозможуваат исфрлање на лошиот холестерол, пома...
Симптоми на цисти во јајници кои се знак дека треба да одите на гинеколог Болка во стомакот кога немате менструација, но и болен сексуален однос – Кои се ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Имам 25 години и уште сум немала секс, како да му кажам на дечкот... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg