5 бизарни домашни лекови

5-bizarni-domasni-lekovi-povekjeШто имаат заедничко лентата за изолирање, вотката, содата бикарбона, моливот и водата за плакнење уста? Одговорот е многу едноставен, како што...


...е едноставна и употребата на овие производи кои ги решаваат здравствените проблеми.

Моливот – против главоболка

Кога сме нервозни, напнати и под стрес, често пати несвесно го стискаме забите, при што го напрегаме мускулот кој ја поврзува вилицата и слепоочницата, што резултира со главоболка. За да го спречите тоа, едноставно загризете дрвен молив, што ќе ја оневозможи работата на мускулите на вилицата, ќе ја релаксира и така ќе ја спречи главоболката.

Вотка – против непријатен мирис на стапалата

5-bizarni-domasni-lekovi

Вотката содржи голем процент на алкохол, кој ги уништува бактериите и габите заслужни за непријатниот мирис. Вотката ја суши влагата на кожата на стапалата, која делува погодно за развој на бактерии и така го спречуваат нивното враќање.

Не, вотката не делува на бактериите на стапалата преку дигестивниот систем, туку така што ќе ја нанесете на парче ткаенина или памук со кој потоа ќе ја избришете кожата на стапалата.

Самолеплива лента – против брадавици

За разлика од најчестите методи на горење, чија успешност е 60 проценти, лечењето на брадавиците со самолеплива лента (како онаа за лепење амбалажа) успешно ги отстранува во 85 проценти од случаите за два месеци, а тајната е во хемикалиите кои ги содржи лентата.

Исечете парче лента големо колку брадавицата, залепете го на претходно исчистеното подрачје и оставете го да стои три дена. Потоа отстранете ги мртвите клетки ( со помош на ноктарка) потоа повторно исчистете го местото и залепете ново парче лента. Постапката повторете ја сè додека брадавицата потполно не се отстрани.

Сода бикарбона – против уринарни инфекции

Лекот составен од една четвртина лажиче сода бикарбона помешана со од прилика два литра вода (секојдневно, неколку дена) би можело да помогне при проблеми со уринарниот тракт. Имено, содата бикарбона ја прави околината на мочниот меур повеќе базна, што оневозможува бактериите да се шират.

Вода за уста - против плускавци

Од непријатните плускавци можете да се ослободите лесно и безболно. Едноставно намокрете парче памук со вода за плакнење уста и три пати на ден лесно натапкајте на местото каде што се наоѓа плускавецот. Водата ќе ја исуши течноста под кожата и така ќе се избегне пукањето на плускавецот и непријатните рани.

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зошто се јавува жолт вагинален исцедок и кога да посетите гинеколог? Додека вагиналниот исцедок е нормална појава, важно е да ја следите неговата бој...
Работи што треба да ги знаете за хемороидите, а за кои се срамите да прашате Помалите хемороиди поминуваат сами од себе за неколку дена, а можат да се јават ...
Остеопороза или „тивка болест“: Причини за појава, симптоми и совети за третирање Редовното и правилно вежбање може да ги зајакне коските, а долгото седење и недо...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Анална фисура - што ја предизвикува и како се лечи оваа непријатна состојба? За отстранување на фисурата потребна е операција, но постојат начини со кои може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg