9 женски проблеми кои може да бидат знак за ендометриоза и не треба да ги игнорирате
Болка за време на овулација
Кај жените со ендометриоза, и овулацијата може да биде болна.
Некои жени чувствуваат слаба болка, како мали грчеви, за време на овулација и обично тоа не треба да биде причина за загриженост. Но, ако никогаш сте немале ваква болка и сега почнувате да ја чувствувате, одете на гинеколог.
Екстремен замор
Бидејќи телото се обидува да се ослободи од заболеното ткиво од ендометриоза, можно е да се јави и замор.
Ова не е замор кој се чувствува вообичаено, туку може да биде многу поизразен, без разлика што сте спиеле доволно.
Болка во долниот дел од грбот, колкот или ногата
Болките во овие делови од телото можат да бидат предизвикани од разни фактори – од воспаленија, до вкочанетост.
Сепак, ако често чувствувате болка без никаква причина, таа може да биде знак за ендометриоза.
Гадење и вртоглавица
Кај жените со ендометриоза, може да се јави гадење, обично околу периодот кога треба да добијат менструација.
Иако ова е поредок симптом, некои жени чувствуваат и вртоглавица, особено ако менструациите им се многу пообилни од вообичаено.
Проблеми со плодност
Ендометриозата може да биде причина за неплодност. Па, ако подолг период пробувате да забремените, но безуспешно, една од можните причини е ова заболување.
Прочитајте и: Сè што треба да знаете за ендометриоза - како настанува, кои се симптомите и дали го загрозува животот?
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





