9 женски проблеми кои може да бидат знак за ендометриоза и не треба да ги игнорирате
Нередовните менструации, но и болката во областа на карлицата се меѓу првите симптоми на ендометриоза.
Ендометриозата е заболување при кое ткивото од матката почнува да расте надвор од неа. Се претпоставува дека заболувањето се јавува кај 10 до 15% од жените кои се во плодни години.
Ендометриозата предизвикува низа непријатни симптоми, но проблемот е што некогаш жените ги игнорираат бидејќи мислат дека се нормален дел до менсутралниот циклус.
Девет симптоми кои не треба да ги игнорирате:
Нередовни менструации
Нередовните менструации се чест симптом на ендометриоза. Исто така, многу жени забележуваат дека менструацијата им е послаба или пообилна од вообичаено.
Хронична болка во областа на карлицата
Болките во стомакот се симптом што го чувствуваат повеќето жени за време на менструација.
Но, кога болката се јавува речиси секојдневно, дури и кога не сте во ПМС или немате менструација, една од можните причини е ендометриоза.
Проблеми со дигестивниот систем
Проблемите со дигестивниот систем, како подуеност или констипација, без навидум никаква причина, некогаш се знак за ендометриоза.
Ова заболување може да ја зачести и појавата на уринарни инфекции.
Болка за време на секс
Болката за време на секс е симптом што не треба да се игнорира и некогаш може да биде предизвикана од ендометриоза.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





