Попладневен замор и уште 8 знаци дека треба да намалите со пијалаци со кофеин
Несоница
Обично ова е најчестиот проблем со кој се соочуваат луѓето кои консумираат премногу кофеин.
Иако сте уморни, кофеинот може да не ви дозволи да спиете или да предизвика будење во текот на ноќта.
Постојани проблеми со стомакот
Кај некои луѓе, претераното пиење кафе може да создаде проблеми со стомакот поради кофеинот.
Ако често чувствувате болки во стомакот, грчеви, па и дијареја, намелете со кафе и други пијалаци со кофеин.
Забрзано или неправилно чукање на срцето
Кога се пие умерено, кафето може да биде корисно за срцето – покрај антиоксидантите, кофеинот може да ја подобри циркулацијата.
Но, доколку претерате со кафе и пијалаци со кофеин, може да се соочите со кардиоваскуларни проблеми, како забрзано чукање на срцето.
Зголемена анксиозност
Ако чувствувате анксиозност откако ќе испиете пијалак со кофеин, тогаш можеби сте претерале.
Кофеинот го стимулира нервниот систем, па во многу големи количини, може е да предизвика чувство на анксиозност.
Дехидратација
Ако пиете доволно вода, но сепак често сте жедни и забележувате симптоми на дехидратација, можеби внесувате премногу кофеин.
Кофеинот е диуретик, па ако внесете премногу, може да уринирате почесто и да изгубите повеќе течности. На долг период, ова може да биде причина за дехидратација.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





