Попладневен замор и уште 8 знаци дека треба да намалите со пијалаци со кофеин
Попладне чувствувате екстремен замор, а навечер се соочувате со несоница – кои се знаците дека сте претепале со пијалаци со кофеин, како кафе и црн чај?
Кафето е еден од најпопуларните пијалаци и многу луѓе не можат да си го замислат денот без него.
Покрај тоа што нè расонува, поради кофеинот, од пиењето кафе може да има и здравствени придобивки. Истото важи и за други пијалаци со кофеин, како црн или зелен чај.
Но, како за сè останато, треба да бидеме умерени и со пијалаци со кофеин бидејќи во спротивно може да се соочиме со низа последици.
9 знаци дека сте претерале:
Постојано ги мрдате нозете
Ако забележите дека имате потреба постојано да ги мрдате нозете откако ќе испиете кафе или пијалак со кофеин, тоа може да биде знак дека треба да намалите.
Кофеинот може премногу да го стимулира нервниот систем, поради што ви е тешко да останете во место.
Многу сув скалп
Претераното пиење кафе може да го дехидрира телото, а ова ќе се одрази и на скалпот.
Сувиот скалп може да биде причина за појава на првут, а во поекстремни случаи и да предизвика зачестено паѓање на влакна од косата.
„Валкан“ јазик
Ако на јазикот забележува слој во жолта или портокалова нијанса, тоа може да биде уште еден знак дека пиете премногу пијалаци со кофеин.
Ваквиот слој може да се јави ако консумирате многу нездрава храна, ако не внимавате на оралната хигиена, но и ако претерувате со темни пијалаци со кофеин, како црн чај и кафе.
Попладневен замор
Нормално е попладне да се чувствувате малку уморно, но ако одеднаш чувствувате екстремен замор, причината може да биде претераното пиење кафе или пијалаци со кофеин.
Ако сте испиле многу кафе, кога ќе му помине дејството на кофеинот, заморот може да настапи нагло и да биде многу поизразен.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





