Први знаци на бременост

Дека сте бремени можете да забележите по променливото расположение, уморот и раздразливоста. Вашето тело поминува во нова состојба, па веројатно ќе забележите дека се случува нешто поинакво пред да забележите дека ви доцни периодот.

prvi-znaci-na-bremenost-001.jpg

За да ја откриете раната бременост, покрај доцнењето на менструацијата, потребно е да проверите дали ги имате следниве симптоми:

1. Лесно заморување и чест недостаток на воздух

2. Изразено чувствителни гради

3. Можна е појава на благи грчеви слични на менструалните тегоби кои се јавуваат како последица на проширување на матката

4. Засилена чувствителност на мириси

5. Можно е зголемено лачење на плунка

6. Постојан замор и поспаност, покрај веќе преспиените 8 часа

7. Мачнините во стомакот кој може да се јават во било кој дел од денот, посебно наутро

prvi-znaci-na-bremenost-002.jpg

8. Често мокрење предзивикано од притисок во долниот дел во стомакот, а не од вишок течности во организмот

9. Појавата на главоболки е повеќе од возможна заради хормоналната промена во телото

10. Изразена желба за одредена храна или нејзино необјаснето одбивање

11. Подуеност на стомакот

12. Изострено чувство за мириси

Ако веќе сте почувствувале дел од овие симптоми, а имате шанси да сте бремени, прво направете тест дома.

Тие се обично точни, а можат да ги детектираат и најмалите проблеми во нивото на хормони иако потврдата од доктор е дефинитивно најдобар доказ.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg