-->
-->
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Имам социјална анксиозност - се грижам што ќе кажам во друштво, чувствувам дека ми судат, срамежлива сум“

„Во секое друштво останував тивка и во позадина за никој да не ме забележи. Избегнував да зборувам еден на еден со некого. Социјалната анксиозност e многу повеќе од срамежливост...“

imam-socijalna-anksioznost-se-grizham-shto-kje-kazham-vo-drushtvo-chuvstvuvam-deka-mi-sudat-sramezhliva-sum-001.jpg

Социјалната анксиозност не е само срамежливост.

Тоа е и...

- Чувство дека сите ви судат.

- Грижа дека луѓето може да видат колку сте анксиозни.

- Опсесивно премотување во главата на работите кои сте ги кажале и направиле.

- Верување дека сте здодевни и немате што да кажете.

Бјанка е жена од Калифорнија која се чувствувала токму вака и барајќи начини како да се избори со својата социјална анксиозност, дури и самата станала експерт на темата и сега споделува совети на својот Инстаграм профил насловен како „Social Anxiety & Confidence Coach“.

imam-socijalna-anksioznost-se-grizham-shto-kje-kazham-vo-drushtvo-chuvstvuvam-deka-mi-sudat-sramezhliva-sum-02.jpg

Исповедта на Бјанка за нејзината социјална анксиозност:

„Се чувствувате како да не можете да се ослободите од стравовите и анксиозноста во социјални ситуации? Без разлика колку се трудите да останете смирени и да изгледате како сè да е во ред, едноставно не успевате?

Се сеќавам кога чувствував анксиозност, нервоза и физичка непријатност поради моите симптоми – како што беа црвенило на лицето, избегнување на контакт со очи, треперливи раце, постојано размислување за тоа што другите мислат за мене – и тоа се случуваше, без разлика што и да пробав...

Глумев дека сè е во ред, мислејќи дека така ќе го минимизирам чувството.

Останував тивка и во позадина за никој да не ме забележи.

Избегнував да бидам оставена сама во социјални ситуации за да не морам да зборувам еден на еден со некого.

imam-socijalna-anksioznost-se-grizham-shto-kje-kazham-vo-drushtvo-chuvstvuvam-deka-mi-sudat-sramezhliva-sum-002.jpg

Но, ништо не помогна. Не можев да стигнам до точка каде што ќе можев да зборувам самоуверено и да бидам социјално активна, особено во професионални средини или кога запознавав нови луѓе.

Се чувствував заробено, мало и ограничено.

Најголемата пресвртница за мене беше кога почнав да истражувам како можам да си помогнам и кога почнав да зборувам за тоа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Го намалува стресот и уште 6 потенцијални придобивки од билката ашваганда Ограничен број студии покажале дека користењето ашваганда како додаток во исхран...
Вие прашувате, психолог одговара: „Имам 25 години и уште сум немала секс, како да му кажам на дечкот... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Од срцето на една анксиозна девојка: „Анксиозноста не е болест, туку несигурност претворена во немир... „Забрзаното срце, испотените дланки и виор на мисли не се знак дека нешто не е в...
Навики од кои треба да се ослободите – ви ја влошуваат анксиозноста Бегате од проблемите, а со ова не престанувате да мислите на нив, туку се грижит...
10 трикови со кои брзо ќе ја смирите анксиозноста, според психолог Потпевнувајте некоја мелодија или нежно масирајте ја вилицата за да ги релаксира...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg