Како до рамен стомак?
Многумина мислат дека единствен пат до рамен стомак е неуморното вежбање стомачни вежби. Но, факт е дека за појава на мешето се најзаслужни нездравата...
...исхрана, премалку движење и лошото држење.
Еве неколку совети кои би можеле да ви помогнат на патот до рамен стомак:
Избегнувајте газирани пијалоци, гуми за џвакање и пиење од цевче
Најголем дел од цревните гасови се создава од проголтан воздух. Газираната минерална вода заменете ја со обична и плус додајте лимон кој има благотворно влијание на желудникот бидејќи е природен детоксикант.
Гумите за џвакање ве тераат да голтате воздух и со тоа се создава сигнал дека јадете. Пиењето од цевче исто така доведува до голтање на воздух.
Избегнувајте бело брашно и неговите производи (бел леб, тестенини)
Тие имаат многу малку влакна или воопшто немаат. Заради тоа го блокираат дигестивниот систем и предизвикуваат надуеност на стомакот. Користете интегрален леб и тестенини.
Помалку внесувајте млечни производи
Возрасните немаат ензими кои можат да ги апсорбираат хранливите состојки од млекото, како на пример бебињата.
Затоа тоа создава киселини во цревата што доведува до нерамнотежа на цревните бактерии и предизвикува попречување и намалена апсорбција на хранливите состојки.
Пијте билни чаеви и топла вода
Топлата вода ги опушта мускулите и го олеснува варењето. Од билните чаеви се препорачува камилица и ментол.
Опуштањето помага
Кога сте под стрес, телото испушта кортизол - хормон кој го прозведува жлездата за адреналин. Тоа помага во произведувањето на шеќер во крвта и потоа се ослободува во вид на енергија за да може полесно да се ослободите од стресот. Вишокот шеќер кој не се користи - се претвора во масти.
Вежбајте Многу е важно да правите кардио вежби ако сакате рамен стомак, а тоа вклучува и трчање, возење велосипед, аеробик и пливање. За виток струк чуда прави и кик-боксот.
Избегнувајте овошје по оброците
Јадењето овошје веднаш после оброкот доведува до ферментирање на овошјето што предизвикува гасови и надуеност.
Стомакот ќе ви натече, а надуеноста ќе направи да се чувствувате уморно, и брзо ќе посегнете по слатки за да си ја зголемите енергијата. Се препорачува избегнување на овошје во попладневните часови.
Активирајте ги стомачните мускули
Ставете рака на стомакот и накашлајте се. Кога исфрлувате воздух, стомачните мускули се стегаат спрема телото. Таа положба пробајте да ја задржите во текот на денот, рамената опуштете ги и правилно дишете.
Во оваа положба можете да одите, седите и вежбате. После неколку недели стомачните мускули би требало да бидат поцврсти и посилни.