Знаци дека недостатокот на јод во организмот ви создава проблеми со тироидната жлезда
Отечениот врат е најчестиот симптом за проблеми со тироидната жлезда. Недостатокот од јод, пак, е најчестата причина за намалена активност на тироидата.
Јодот е хемиски елемент кој има важна улога во нашиот организам.
Тој помага во лачењето на хормонот тироксин од тироидната жлезда.
Овој хормон, пак, е важен за нервите и коските, а има влијание и врз метаболизмот.
Недостатокот од јод во организмот е најчестата причина за проблеми со тироидната жлезда, поточно за хипотироидизам (намалена активност на жлездата).
Во продолжение, знаци дека недостатокот од јод ви предизвикува проблеми со тироидната жлезда:
Отечен врат
Тироидната жлезда се наоѓа во вратот, па проблемите со неа често се манифестираат на овој дел од телото.
Кога во телото има недостаток од јод, тироидната жлезда може да отече додека се обидува да надополни за намаленото производство на хормонот тироксин.
Дебелење
Ако забележите дека се дебелеете без навидум никаква причина, како промени во исхраната, можно е да станува збор за недостаток од јод, а со тоа и проблеми со тироидата.
Замор и слабост
Заморот и чувството на слабост може да се појават ако има недостаток на јод во телото.
Поради ова, тироидната жлезда не може да функционира правилно, а ова го чувствува целиот организам.
Сува кожа
Кога тироидната жлезда не добива доволно јод, тоа може да се одрази и на кожата која станува посува, а може да чувствувате и чешање.