Пет трикови за бели заби
За да ви бидат забите природно бели и негувани, ви предлагаме 5 совети со кои можете да ја разубавите насмевката. Јадете крцкави намирници...
Јадете крцкави намирници
Бројно овошје и зеленчук, како што се јаболките, морковот, целерот и крушите, можат по природен пат да ги исчистат и избелат забите бидејќи содржат киселина. Што е покрцкава храната, подобро ги чисти забите. Имајте на ум дека спомнатите намирници морате да ги јадете свежи.
Зголемете го внесот на млечни производи
Резултати од истражувања покажале дека сирењето, млекото и јогуртот содржат минерали кои ги зајакнуваат забите и го подобруваат нивниот изглед.
Повеќе јагоди
Јагодите содржат јаболкова киселина која ги отстранува обојувањата од површината на забите. Освен тоа нивната текстура ја полира глеѓта и на тој начин се добива посветол изглед. За да го подобрите ефектот на избелување на јагодите, згмечете ги или измешајте ги со половина кесичка сода бикарбона. Смесата нанесете ја на забите и оставете ја така пет минути.
Користете сода бикарбона
Истражувањата покажале дека ограничена употреба на сода бикарбона може да помогне во избелувањето на забите. Барем еднаш неделно мијте ги забите со сода бикарбона.
Пијте со сламка
Напитоците оставаат дамки и трагови на забите. За да ги избегнете, користете сламка, така ќе го избегнете директниот допир на напитоците со забите.