Најопасните вируси со коишто се соочило човештвото (и дали има лек)
Сипаници
Денес сипаниците не се сериозен проблем бидејќи имаме вакцини.
Но, порано сипаниците биле мошне опасна болест и стапката на смртност била над 30%.
Преживеаните, пак, честопати останувале со длабоки лузни на кожата, а доста често и сериозни проблеми со видот, вклучувајќи и слепило.
Во 20-тиот век, пред појавата на вакцината, се претпоставува дека над 300 милиони луѓе починале од сипаници.
Грип
Грипот или „инфлуенца“ можеби не е смртоносен како останатите вируси на листата. Но, предизвикува пандемија скоро секоја зима и се заразуваат многу луѓе – три до пет милиони годишно.
Од нив, починуваат и до половина милиони годишно.
Па, поради големите бројки, и грипот спаѓа во еден од најсмртоносните вируси.
Една од најсмртоносните пандемии со грип е позната како „шпански грип“ и била предизвикана од силен вид на вирусот.
Тогаш починале околу 50 милини луѓе, а можеби и повеќе.
Денга
Денга е болест предизвикана од истоимениот вирус кој го пренесуваат комарци.
Првпат бил забележан во 1950-тите, во Тајланд и на Филипините, а оттогаш се има раширено низ тропските и суптропските региони на Земјата.
Според СЗО, годишно се заразуваат од 100 до 400 милиони луѓе, а во многу ретки случаи, вирусот предизвикува симптоми слични на ебола, како крвавење и протекување на крвните садови.
Повеќето случаи се лекуваат, но ако вирусот не се третира, стапката на смртност е до 20%.
SARS-CoV-2
SARS-CoV-2 е од групата корона вируси и веруваме дека ви е познат.
Ова е вирусот кој ја предизвикува болеста ковид-19 и е одговорен за глобалната пандемија која почна во 2019 година.
До септември годинава, потврдени се над седум милиони смртни случаи предизвикани од вирусот.
Иако повеќето заразени го прележуваат вирусот без сериозни симптоми, за оние кои веќе имаат проблеми со здравјето, како и постарите личности, вирусот се покажа како мошне опасен и ризичен.
Кај некои луѓе кои се заразиле со вирусот, забележани се и симптоми на таканаречен долг ковид, односно симптоми кои траат долго по лекувањето.
Спирова С. | Црнобело