Друштвена фобија
Друштвената анксиозност или фобија е психолошко пореметување кое предизвикува екстремна количина на анксиозност во секојдневните ситуации.
Предизвикува непријатност во неформални ситуации, разговори – кога сте со друштво.
Причината за друштвена фобија е најчесто стравот дека другите ќе ве гледаат и проценуваат, т.е. дека ќе се посрамотите со своите акции и зборови.
Иако многу личности кои патат од друштвена фобија потполно се свесни за својата состојба, тешко им е да ги пронајдат своите стравови.
Некои симптоми на оваа фобија се:
- Силно потење
- Црвенило
- Напнатост
- Забрзано тропање на срцето
- Трема
- Потребата да се вратите дома
Соочувањето со друштвената фобија е вистински предизвик затоа што погодува неколку делови од мозокот.
Освен чувството на анксиозност, потиштеност се појавуваат и други физички симптоми.
Лечењето треба да се темели на:
- Разговори со психијатар кој по потреба препишува лекови.
Но, можете и сами да си помогнете:
- Со свесно разбирање на состојбата во која се наоѓате и читање литература на оваа тема
- Редовно вежбање (активности на телото)
- Квалитетен сон
- Врамнотежена исхрана
- Избегнување на стимуланси како кофеин и алкохол
- Опуштање
- Позитивно размислување и поминување време со пријателите. Разговори со најблиските.
Подобро е да се посветите на фобијата и да ја третирате од корен, отколку да го маскирате проблемот создавајќи си уште поголем.