Брзи решенија за добро расположение

brzi-resenija-za-dobro-raspolozenie-povekjeХраната не може да ви ги реши проблемите без разлика колку често се обидувате да го постигнете тој ефект со сладолед или чипс. Сепак, постојат видови...


...храна што ќе ви помогнат во брзо подобрување на расположението.

Стрес

brzi-resenija-za-dobro-raspolozenie-1

Гладни сте, уморни и вознемирени? Имате нешто закажно и веќе доцните, па нервозата само се зголемува? Само што сакавте да одите на пауза, а шефот ве израдува со итна задача? Во овие ситуации може да ве спаси малку чоколадо. Чување црно чоколадо во чанта или во фиока во канцеларија е одлична идеја бидејќи истражувањата покажаа дека само 40 грама црно чоколадо ќе ги намали стрес-хормоните и ќе ја ублажи вознемиреноста.


Летаргија

brzi-resenija-za-dobro-raspolozenie-2

Млитави сте и не успевате да се сконцентрирате? Најдобар начин да се разбудите од зачмаеноста сепак не е јакото кафе, туку храната богата со фолна киселина. Затоа подгответе си јадење од лиснат зеленчук (спанаќ, блитва, зелена салата), брокула, грав, грашок, јачмен, компири или печурки.


Вознемиреност

brzi-resenija-za-dobro-raspolozenie-3

Се грижите за сто работи одеднаш? Неспокојни сте и растревожени цел ден? Тогаш потребни ви се омега-3 масни киселини, чие редовно консумирање се користи како превенција и лекување на клиничка депресија. Оваа состојка одлично се справува и со бес и раздразливост. Затоа јадете риба како лосос, скуша, сардина и харинга што почесто можете.


Гнев

brzi-resenija-za-dobro-raspolozenie-4

Разбеснети сте од мал милион причини и не знаете како да престанете да се муртите? Кофеинот од кафето само повеќе ќе ве раздразни, но теинот од чајот ќе ви помогне да се фокусирате, па затоа смирете се со зелен чај.

Би можело да ве интересира:

Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)? Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...
Што треба да знаете за бактеријата мораксела – Честа е кај децата, предизвикува инфекции Бактеријата мораксела сè повеќе се идентификува како честа причина за инфекција ...
7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Аневризма на мозокот - како да ја препознаете и кои се последиците ако пукне? Премногу силна главоболка е првиот знак за аневрзима на мозокот. На пациент со п...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg