Моќни и здрави комбинации храна
Знаеме колку е големо влијанието на исхраната врз здравјето и ги учиме конкретните својства на одредени производи, па запомнивме дека млечните...
...производи се добри за коските, а морковите за видот.
Но, важно е и да откриеме дека одредени комбинации имаат многу поголем ефект отколку внесување на производите поединечно.
Потрудете се овие јадења да ги консумирате во „пар“.
1. Калциум + инулин = стомак и коски
Храната богата со инулин, тип диететски влакна, ги балансира добрите бактерии во дигестивниот систем.
Но оваа состојка го зголемува и апсорбирањето на калциум во коските, па уште подобро е ако се здружи со богат извор на калциум како млеко, јогурт, сирење, брокули, кељ, сардини и бадеми.
Инулинот ќе го најдете во кромид, лук, праз, банани, аспарагус и артичоки.
2. Калциум + витамин Д = коски
Витаминот Д го помага апсорбирањето калциум.
Извор на калциум: млеко, јогурт, сирење, брокули, кељ, сардини и бадеми.
Извор на витамин Д: лосос, сардини, туна, харинга, жолчки од јајца, млеко
3. Витамин Е + витамин Ц = очи
Витаминот Е, кој спречува појава на болести што предизвикуваат слепило, најдобро е да се внесува со витамин Ц кој му помага на телото максимално да ги искористи овие својства.
Извор на витамин Е: јаткасто овошје и семки (бадеми, кикирики, сончоглед)
Извор на витамин Ц: цитрусни овошја, киви, пиперки, брокули, прокељ, домати, јагоди
4. Железо + витамин Ц = енергија
Витаминот Ц му помага на телото да апсорбира железо кое учествува во пренесување кислород низ целото тело. Оваа комбинација е особено полезна за вегетаријанци бидејќи железото од растенијата потешко се апсорбира отколку она од месо и јајца.
Извор на железо: спанаќ, овес, пченични никулци, леблебија
Извор на витамин Ц: цитрусни овошја, киви, пиперки, брокули, прокељ, домати, јагоди
5. Витамин К + масти = срце и коски
Без „добрите“ масти кои го намалуваат холестеролот, телото не може да го искористи витаминот К, потребен за цврсти коски и здраво срце.
Извор на витамин К: Кељ, прокељ, спанаќ, брокули, зелка
Извор на корисни масти: сите јаткасти овошја, како и маслиново, бадемово и сусамово масло