10 рани, предупредувачки знаци за мултипла склероза кои е добро да ги знаете
Трнење на екстремитетите, проблеми со рамнотежата и замаглен вид… Постојат низа предупредувачки знаци дека кај некој можеби се развива мултипла склероза.
Мултипла склероза е автоимуна болест која ги напаѓа мозокот и/или ’рбетниот столб.
Кај лицата со мултипла склероза, имунолошкиот систем го напаѓа слојот кој ги заштитува нервните клетки.
Предизвикува низа симптоми и засега нема лек, но со соодветна терапија, во повеќето случаи постои можност да се третираат симптомите.
Болеста може да се појави на која било возраст, но најчесто е дијагностицирана во 20-тите, 30-тите и 40-тите години од животот.
Истовремено, болеста е почеста кај жени.
Не е познато што точно ја предизвикува болестa, но се верува дека станува збор за комбинација од генетски и надворешни фактори.
Постојат низа предупредувачки знаци дека кај некој можеби се развива мултипла склероза.
Дел од нив во продолжение:
Замаглен или двоен вид
Ова може да биде предизвикано од воспаление на оптичкиот нерв, намалена координација на очите или неконтролирано движење на очите.
Овој симптом може да се намали со соодветни лекови и многу ретко резултира со слепило.
Проблеми со рамнотежата
Во раната фаза на болеста, можно е да се забележат проблеми со рамнотежата.
Исто така, може да се јави и замор кој дополнително влијае врз лошата рамнотежа.
Трнење на екстремитетите
Бидејќи болеста го напаѓа нервниот систем, доста често се јавува и трнење на екстремитетите.
Ако забележите ваков симптом, важно е веднаш да одите на лекар бидејќи може да биде предизвикан од друг проблем, како мозочен удар
Ненадејно губење на координацијата
Честото истурање пијалаци и слично, удирање во предмети и, генерално, лошата координација на деловите од телото, може да биде уште еден знак за мултипла склероза.