Победете ги килограмите со помош на лимон
Диетата на база на лимонада е идеална за чистење на организмот од токсините насобрани во текот на празниците. Покрај тоа ќе ослабите, до два килограми...
...за седум дена. Добрата страна на оваа диета е што добивате изобилство на витамин Ц, Б и реткиот витамин П.
Лимонадата содржи и многу минерали (бакар, натриум, калциум и железо) протеини, јаглени хидрати и влакна.
Калиумот што се наоѓа во лимонадата ја подобрува работата на нервните клетки и функцијата на мозокот. Во лимонот го има и калциумот кој е познат по своите здрави ефекти на забите и коските.
Избегнувајте бело брашно
Во текот на оваа диета можете да ги јадете сите наминици кои што не се индустриски обработени и кои што не содржат конзерванси, емулгатори, стабилизатори и слични материи.
Намирниците од индустриски шеќер и бело брашно не треба да се јадат. Количината на храна не е ограничена.
Секое утро исцедете пет до шест лимони во литар вода.
На почетокот од диетата можете да исцедите само еден лимон, а потоа со секој ден додавајте по уште еден до максимум шест.
Пијте ја лимонадата без шеќер пред секој оброк.
За појадок секој ден пијте чај со лимон и лимонада без шеќер и јадете двопек или интегрален бисквит.
Прв ден
Ручек: овошна салата со лимонов сок, ориз, обрано сирење, зелена салата со лимон.
Вечера: варен спанаќ зачинет со лимонов сок и маслиново масло, јајце на око или варено јајце, интегрален леб.
Втор ден
Ручек: ослич или скуша со малку масло и лимон, варена брокула, интегрално пециво.
Вечера: пилешко бело месо, печени пиперки со малку масло и со лимонов сок, интегрален леб.
Трет ден
Ручек: овошна салата со лимонов сок, шпагети со сирење, зачинети со лимонов сок.
Вечера: малку ориз со морски плодови и лимон.
Четврти ден
Ручек: салата со маслиново масло и лимонов сок, сирење, интегрален леб.
Вечера: риба, патлиџан, компир салата.
Петти ден
Ручек: овошна салата со лимонов сок, боранија, интегрален леб.
Вечера: мешана салата со лимон, сирење, интегрален леб.
Шести ден
Ручек: јунешка шницла, интегрален леб
Вечера: јајце, јогурт, зелена салата, интегрален леб.