Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најчестите заболувања и проблеми со здравјето (и како се третираат)

Настинка, грип, уринарни инфекции – постојат заболувања со кои сме се соочиле скоро сите. Кои се симптомите на најчестите и кога треба да одите на лекар?

najchestite-zaboluvanja-i-problemi-so-zdravjeto-i-kako-se-tretiraat-01.jpg

Колку и да внимаваме на здравјето, не можеме да бидеме потполно имуни на некои болести.

Настинките и некои инфекции се мошне честа појава и не постои личност која не се соочила со нив.

Па, добро би било да ги знаете најчестите, со цел да знаете како да реагирате, но и да го намалите ризикот од заболување.

Дел од најчестите проблеми со здравјето:

Акутен бронхит

Акутниот бронхит претставува краткотрајно воспаление на големите дишни патишта.

Најчесто е предизвикан од вирус, но во некои случаи причината може да биде и бактерија, а заболувањето обично трае помалку од три недели.

Дел од најчестите симптоми вклучуваат:

  • Кашлање
  • Болка во градите
  • Замор
  • Слаба главоболка
  • Слаби болки во телото
  • Болно грло

Во повеќето случаи, бронхитот поминува сам од себе. Важно е никако да не пиете антибиотици освен ако не ви ги препишале, бидејќи нема да ви бидат од никаква помош.

Ако забележите симптоми како висока треска, тешкотии со дишењето и искашлување крв, најдобро е да се упатите на лекар.

Доколку симптомите се послаби, важно е да одмарате, да пиете многу течности, а можете да користите и солен раствор за нос.

За да ја ублажите кашлицата и малку да го смирите грлото, можете да јадете мед.

Симптомите можат да се ублажат и со некои лекови без рецепт, за кои ќе треба да се консултирате со лекар или фармацевт.

najchestite-zaboluvanja-i-problemi-so-zdravjeto-i-kako-se-tretiraat-02.jpg

Настинка

Настинката е едно од најчестите заболувања, а се претпоставува дека во просек, возрасните имаат по две до три настинки годишно, а децата уште повеќе

Настинката може да биде предизвикана од над 200 вируси, но најчесто е поради риновирус.

Вирусите што ја предизвикуваат болеста се пренесуваат преку воздух и близок контакт.

Симптомите се најизразени во период од два-три дена, а најчестите вклучуваат:

  • Кивање
  • Затнат нос или течење на носот
  • Болно грло
  • Кашлање
  • Насолзени очи
  • Треска (иако многу ретко)

Ако имате настинка, никако не треба да пиете антибиотици бидејќи станува збор за вирусно заболување.

Во повеќето случаи, нема потреба од лекарска интервенција и треба само да одмарате, да пиете многу течности, да користите мед за да ја намалите кашлицата и болките во грлото, а можете да користите и солен раствор доколку имате затнат нос.

Одете на лекар доколку имате висока температура повеќе од три дена, симптомите не се повлекуваат повеќе од една недела или се влошуваат, забележувате дехидратација или имате тешкотии со дишењето.

najchestite-zaboluvanja-i-problemi-so-zdravjeto-i-kako-se-tretiraat-03.jpg

Инфекција на увото

Можеби нема понепријатно нешто од инфекцијата на увото бидејќи може да биде особено болна.

Постојат разни инфекции на увото, па затоа ако чувствувате болка, секогаш е добро да се консултирате со лекар.

Овие инфекции можат да бидат предизвикани и од вируси, и од бактерии.

Дел од најчестите симптоми вклучуваат:

  • Болка во увото
  • Треска
  • Раздразливост
  • Проблеми со спиењето

Третманот на инфекцијата ќе зависи од нејзината причина.

Обично, кај поблаги инфекции, можно е да ви препишат капки. Доколку инфекцијата е бактериска и посериозна, вашиот доктор може да ви препише и антибиотици, како и апчиња за болка.

najchestite-zaboluvanja-i-problemi-so-zdravjeto-i-kako-se-tretiraat-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 причини за болка во градите кои не се ПМС Покрај хормоналните промени за време на ПМС, и други фактори можат да предизвика...
Беснило и уште 4 болести кои можат да предизвикаат многу болна смрт Смртноста од беснило е особена висока – речиси 100% штом ќе се појават симптомит...
„По 20 години болни менструации од кои губев свест, ми дијагностицираа ендометриоза“ Млада Британка две децении имала обилни и толку болни менструации, што некогаш г...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Проблеми со стомакот кои можат да бидат знак за некое заболување Силната и нагла болка во долниот десен дел од стомакот може да биде знак за восп...
10 работи што НЕ треба да ѝ ги кажете на личноста која доживува паничен напад  „Смири се!“ - Паничните напади не се под контрола на личноста, па ваквите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg