Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите?

Кои се ризиците?

На најголем ризик се изложени бебињата под шест месеци кај кои може да се јават:

  • Дехидратација
  • Проблеми со дишењето
  • Пневмонија

Кај постари деца и возрасни, големата кашлица е поблага, но сепак може да предизвика проблеми како:

  • Болки во областа на ребрата (поради честото кашлање)
  • Кила
  • Инфекции на средното уво

golema-kashlica-kolku-e-opasna-za-deca-i-vozrasni-i-kako-da-se-zashtitite-05.jpg

Кога да одите на лекар и како се лекува?

Лекувањето на големата кашлица зависи од неколку фактори како возраст и колку долго е болен пациентот.

Ако се сомневате дека вие или вашето дете имате голема кашлица, секогаш одете на лекар и не пробувајте да се излечете сами.

Веднаш одете на лекар или повикајте брза помош ако забележите некој од следниве симптоми кај вас или вашето дете:

  • Усните, јазикот, лицето или кожата одеднаш станале сини или сиви
  • Сериозни тешкотии со дишењето
  • Изразена болка во градите која се влошува при дишење или кашлање
  • Вашето дете има напади

golema-kashlica-kolku-e-opasna-za-deca-i-vozrasni-i-kako-da-se-zashtitite-06.jpg

Како да се заштитите себеси и вашето дете?

Најдобрата заштита од големата кашлица е вакцинацијата.

Обично ова е вакцина што ја добиваат бебињата, но имунизацијата не трае доживотно.

Доколку сте загрижени за вас или вашето дете, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар кој ќе ви каже повеќе за вакцинацијата достапна кај нас.

golema-kashlica-kolku-e-opasna-za-deca-i-vozrasni-i-kako-da-se-zashtitite-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg