Зошто дланките ви се постојано студени (и како да ги стоплите во зима)?

Дозволете си да уживате во топла бања

Ако рацете ви се студени и кога сте дома, тогаш обидете се да се загреете со тоа што ќе уживате во топла бања. Топлата купка ќе ви го загрее целото тело, вклучувајќи ги и прстите, а истовремено и ќе ве опушти.

Меѓутоа, ако сте премногу зафатени за да си дозволите поголемо уживање, доволно е да ги ставите рацете под топла вода или да наполните сад со топла вода, па внатре да ги ставите рацете и зглобовите.

na-shto-mozhe-da-ukazhuvaat-studenite-race-i-nachini-kako-da-gi-zatoplite-vo-zimskite-meseci-09.jpg

Избегнувајте кофеин

Можеби не сте знаеле, но кофеинот влијае на студените раце. Тој ги стеснува крвните садови, па овој проблем може да го решите со намалување на внесот на храна и пијалаци со кофеин, како кафе, чај или чоколадо.

na-shto-mozhe-da-ukazhuvaat-studenite-race-i-nachini-kako-da-gi-zatoplite-vo-zimskite-meseci-10.jpg

Хранете се здраво

Јадете многу овошје и зеленчук ако сакате да имате потопли раце. Јадењето здрава храна е одлично за циркулацијата бидејќи го подобрува здравјето на срцето, а подобриот проток на крв значи дека вашето тело ќе биде потопло. Пред сè, избегнувајте да јадете премногу месо, сирење и сол.

Од друга страна, јадете повеќе овошје, зеленчук, лосос, ротквици, бибер, лук, куркума...

na-shto-mozhe-da-ukazhuvaat-studenite-race-i-nachini-kako-da-gi-zatoplite-vo-zimskite-meseci-11.jpg

Консумирајте ѓумбир

Ѓумбирот е полн со антиоксиданти и може да му помогне на вашето тело да се бори против хроничните болести како што е висок крвен притисок. Ако сакате да се стоплите, испијте топла шолја чај од ѓумбир.

na-shto-mozhe-da-ukazhuvaat-studenite-race-i-nachini-kako-da-gi-zatoplite-vo-zimskite-meseci-12.jpg

Вежбајте редовно

Студените раце се многу честа појава кај луѓето кои поминуваат поголем дел од времето седејќи, па вежбањето е најдобриот начин за подобрување на циркулацијата. Секогаш кога ќе забележите постудени прсти, одвојте неколку минути за да правите вежби за раце. Освен тоа, треба и редовно да вежбате, бидејќи само физичката активност може да ви помогне да останете потопли на долг рок.

Па, или вежбајте дома или почнете да пешачите, да трчате, возите велосипед или да практикувате јога.

na-shto-mozhe-da-ukazhuvaat-studenite-race-i-nachini-kako-da-gi-zatoplite-vo-zimskite-meseci-13.jpg

Зошто некои луѓе имаат постудени раце?

Студените раце вообичаено се појавуваат кога личноста е изложена на студена средина или ракува со студен предмет. Циркулацијата на крвта во рацете и нозете помага да се загреат екстремитетите, но, кога изложувањето на студ е подолго, телото прави сè што може за да ја зачува топлината во срцето, мозокот, виталните органи.

За да се одржи основната телесна температура во поладни услови, крвта што циркулира до рацете (и стапалата) се намалува, за да се спречи загуба на топлина од екстремитетите.

Ако постојано имате студени раце, запрашајте се: Дали е тоа поврзано со годишното време и температурата? Ако одговорот е „да“, тогаш обидете се да ги контролирате околностите и да го избегнете студот.

Ако можете да го решите проблемот со студени раце со носење ракавици, тогаш немате проблем.

na-shto-mozhe-da-ukazhuvaat-studenite-race-i-nachini-kako-da-gi-zatoplite-vo-zimskite-meseci-14.jpg

Но, ако студените раце или други делови од телото не можете да ги стоплите и постојано остануваат студени, тогаш време е да се консултирате со вашиот лекар. Студените раце кои и по одредено време престој во топла средина не се загреваат, може да бидат знак на некој здравствен проблем како анемија, автоимуна болест, нарушување на тироидна жлезда, реакција на одредени лекови или пушење.

Како и да е, секогаш и при најмал сомнеж не се лекувајте самите дома туку консултирајте се со вашиот лекар во најбрз можен рок.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg