Зошто дланките ви се постојано студени (и како да ги стоплите во зима)?

За да не ви бидат рацете постојано студени, избегнувајте тесна облека и чевли. Затегнатоста околу рацете може да придонесе за стегање на крвните садови, што не дозволува нормална циркулација.

na-shto-mozhe-da-ukazhuvaat-studenite-race-i-nachini-kako-da-gi-zatoplite-vo-zimskite-meseci-01.jpg

Велат дека оние кои имаат студени раце, имаат топло срце. Иако ова звучи слатко, студените раце може да укажуваат на сериозен здравствен проблем.

Сепак, една од најчестите причини зошто луѓето имаат студени раце е слабата циркулација на крвта.

Доколку се пронаоѓате овде, тогаш може да ги испробате овие корисни совети кои може ефикасно да го решат вашиот проблем:

Затоплете се

Иако ова звучи сосема очигледно, првото нешто што треба да го направите ако имате студени раце, е да се загреете. Без разлика дали сте внатре или на отворено, загрејте се доволно.

Топлата облека и ракавици, особено во студените месеци, треба да бидат задолжителен дел од вашиот аутфит.

na-shto-mozhe-da-ukazhuvaat-studenite-race-i-nachini-kako-da-gi-zatoplite-vo-zimskite-meseci-02.jpg

Избегнувајте тесна облека и чевли

За да не ви бидат рацете постојано студени, избегнувајте тесна облека и чевли. Затегнатоста околу рацете може да придонесе за стегање на крвните садови, што не дозволува нормална циркулација.

За да останете повеќе загреани, користете широка облека.

na-shto-mozhe-da-ukazhuvaat-studenite-race-i-nachini-kako-da-gi-zatoplite-vo-zimskite-meseci-03.jpg

Носете ракавици

Секако, најдобар начин за да ги загреете рацете на отворено е да носите широки ракавици. Кога купувате, најдете такви ракавици кои ќе ги покријат и зглобовите.

Може да изберете и такви каде што нема да ви бидат одвоени прстите, при што и самите прсти може да се загреваат еден со друг.

na-shto-mozhe-da-ukazhuvaat-studenite-race-i-nachini-kako-da-gi-zatoplite-vo-zimskite-meseci-04.jpg

Затоплете ги телото и главата

Многу телесна топлина може да се изгуби и преку главата, па затоа, препорачливо е да носите капа додека сте на отворено. Исто така, облекувајте се топло во слоеви.

Ако торзото ви е топло, тогаш телото ќе може да пренесе повеќе топлина до вашите прсти.

na-shto-mozhe-da-ukazhuvaat-studenite-race-i-nachini-kako-da-gi-zatoplite-vo-zimskite-meseci-06.jpg

Останете суви

Ако рацете ви се студени, обидете се да ги држите суви и ставете ракавици за да не навлезе влагата однадвор. Сепак, внимавајте на прегревање и потење, затоа што испотените раце и ракавици брзо ќе се изладат кога ќе престанете да се движите.

na-shto-mozhe-da-ukazhuvaat-studenite-race-i-nachini-kako-da-gi-zatoplite-vo-zimskite-meseci-05.jpg

Подобрете ја циркулацијата во рацете

Доколку често се соочувате со студени прсти, време е да ја подобрите циркулацијата. Одржувајте го вашето тело топло носејќи топла облека, избегнувајте да пиете ладни пијалаци, особено алкохол, престанете да пушите и избегнувајте лекови кои предизвикуваат стеснување на крвните садови, како лекови за настинка или апчиња за слабеење.

Секако, ова не смеете да го правите на своја рака без претходно да се консултирате со вашиот лекар.

Исто така, важно е редовно да вежбате и да практикувате јога за да се ослободите од стресот.

na-shto-mozhe-da-ukazhuvaat-studenite-race-i-nachini-kako-da-gi-zatoplite-vo-zimskite-meseci-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg