3 намирници кои ја заменуваат четката за заби
Забите треба да ги миеме по секое јадење, тоа го научивме уште како деца кога родителите и стоматолозите не учеа дека мораме да ги...
...четкаме најмалку две минути. Но, доколку се најдете во (не)прилика без четка за заби некои намирници можат да ни помогнат во отстранувањето на нечистотиите од усната шуплина.
Основната хигиена на усната шуплина наложува миење на забите по секој оброк. Бидејќи не сме секогаш во можност по внесувањето на храна да употребиме четка за заби, можеме да посегнеме по природните забни чистачи.
Грицкањето на одредено крцкаво и тврдо овошје и зеленчук предизвикува лачење на плунка која ги уништува бактериите и ги одржува забите чисти и здрави.
Намирници кои ги чистат забите:
1. Јаболко
Јаболките содржат фосфор, калциум и флуор и спречуваат развивање на кариес. А докажано е дека ова овошје подобро ги чисти забите од било која четка делувајќи двојно - механички и физички.
2. Свеж морков
Со џвакање на морков се стимулира создавањето на плунка, која помага во отстранувањето на остатоци на храна. Освен тоа, влакната од морковот делуваат како четка за заби.
3. Целер
Целерот ги штити забите на два начина. Џвакањето на целерот предизвикува лачење на материја која ги неутрализира бактериите кои што предизвикуваат кариес. Исто така оваа намирница со џвакањето продира помеѓу забите, ги масира непцата и ја чисти усната шуплина.