Влакна на стомакот кај жените: Како да ги отстраните и зошто се појавуваат?

Генетика, возраст, но и хормонални промени од разни нарушувања или фази од животот, како менопауза – Зошто се појавуваат влакна на стомакот кај жените и дали е безбедно да се отстранат?

vlakna-na-stomakot-kaj-zhenite-kako-da-gi-otstranite-i-zoshto-se-pojavuvaat-01.jpg

Влакната се нормална појава на човечкото тело и обично кај мажите се погусти, а кај жените поретки и посветли.

Сепак, на некои делови од телото, и кај жените се појавуваат потемни и погусти влакна, како пазувите, гениталиите, но некогаш и лицето и стомакот.

Кај бројни жени, влакната на овие делови од телото можат да ја разнишаат самодовербата.

Доколу имате потемни влакна на стомакот, важно е да знаете дека генерално се безопасни, но и дека можете да ги отстраните.

Зошто се јавуваат влакна на долниот дел од стомакот?

Генетика

Гените можат да имаат влијание врз тоа колку е влакнесто нашето тело.

Односно, ако, на пример, мајка ви има повеќе влакна на телото, голема е веројатноста и вие да сте го наследиле тој ген.

vlakna-na-stomakot-kaj-zhenite-kako-da-gi-otstranite-i-zoshto-se-pojavuvaat-03.jpg

Хирсутизам

Хирсутизам е медицинска состојба која се карактеризира со појава на потемни и погусти влакна на женското тело.

Причинета е од зголемено ниво на таканаречени машки хормони во организмот.

Во овој случај, може да забележите погусти и потемни влакна на лицето, стомакот, па и градите.

Ако се сомневате дека ја имате оваа состојба, консултирајте се со лекар кој доколку ве дијагностицира, ќе ви ја даде и соодветната терапија.

vlakna-na-stomakot-kaj-zhenite-kako-da-gi-otstranite-i-zoshto-se-pojavuvaat-04.jpg

Возраст

Откако ќе настапи менопауза, нивото на естроген во женското тело се намалува.

Поради овие хормонални промени, кај некои жени можат да почнат да се појавуваат потемни влакна на стомакот и други делови од телото.

vlakna-na-stomakot-kaj-zhenite-kako-da-gi-otstranite-i-zoshto-se-pojavuvaat-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg